FIFA од денеска влегува на пазарот на стриминг сервиси со претставувањето на нивниот FIFA+ сервис. За почеток овој сервис ќе биде бесплатен и веднаш им е достапен на сите корисници во светот. Нема најави дали некогаш ќе се почне со наплата, но се остава развојот на сервисот да покаже во кој правец ќе се движи.

На FIFA+ може да се најдат натпревари во живо, иако тие нема да бидат некои од најпознатите, а ќе има и оригинална содржина како документарци и слично. Покрај ова, на FIFA+ ќе може да се најдат информации за натпреварите, лигите и слично, а интересен е делот FIFA+ Archive каде корисниците ќе можат да гледаат снимки од светските првенства, машки и женски, од првата достапна снимка, па наваму.

Достапни ќе бидат повеќе од 2000 часа од светските првенства, а покрај тоа што ќе може да се гледаат сите натпревари, ќе може да се гледаат одредени делови, голови и слично.

FIFA+ Originals ќе има документарци, односно содржина направена ексклузивно за овој сервис, како што е случајот со повеќето стриминг сервиси, а сега се достапни документарците: Ronaldinho: The Happiest Man in the World, Captains, Croatia: Defining a Nation, Dani Crazy Dream, Golden Boot и уште неколку други кои веќе се достапни за гледање.

„FIFA+ го претставува наредниот чекор од нашата визија да го направиме фудбалот навистина глобален и инклузивен, и ја поткрепува основната мисија на FIFA за проширување и развој на фудбалот на глобално ниво. Овој проект претставува културна промена во начинот на кој различни типови фудбалски фанови сакаат да се поврзат и да ја истражуваат глобалната игра и беше основен дел од мојата Визија 2020-2023. Тоа ќе ја забрза демократизацијата на фудбалот и со задоволство го споделуваме со навивачите.“ – истакна претседателот на FIFA, Џиани Инфантино.

Сервисот е достапен на овој линк и можете веднаш да почнете да го користите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаГрупа акционери поднесе тужба против Елон Маск за неговото купување акции во Twitter
Следна статијаГолеми попусти за телефони преку А1 Оnline shop
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.