Вчера започна F8 конференцијата на Facebook за девелопери која се организира скоро секоја година од нејзиното стартување. За неупатените, станува збор за настан каде Facebook ги најавува идните функционалности кои сака да ги имплементира и планови во врска со мрежата општо кажано.

Ова ќе биде прво јавно обраќање на Mark после преслушувањата од страна на Конгресот, по повод скандалите со Cambridge Analytica и руското мешање во американските избори во 2016 година за кое пишувавме во неколку наврати на Смартпортал. Па, конечно, што се дознавме за време на говорот? Еве ги деталите во прилог.

Прва новост – корисниците со години бараа да се имплементира downvote копче со кое тие би можеле да означат дека не им се допаѓа некој пост. Досега располагаме со 6 начини за реагирање на пост на Facebook, но downvote не е една од нив. Тоа ќе се измени многу наскоро. Според Chris Cox, главниот човек на одделот за развивање на продукти, на овој начин ќе се подобри начинот на кој се одвиваат јавните расправи. На некој начинм, со оваа функционалност, Facebook ќе се обиде да му парира на Reddit, каде најлајкуваните коментари се наоѓаат на врвот. Во секој случај, предизвикувачки. Размислете двапати пред да напишете нешто и како тоа ќе влијае на вашиот имиџ.

Вториот момент е новиот хедсет – Oculus Go, кој ќе дојде по цена од 199 долари. Земајќи ги во обѕир цените на пазарот, ова се планира да биде најевтиниот VR сет досега кој ќе може скоро секој да си дозволи да го има. Одлично за гејмање и едукативни цели. Oculus Go ќе се разликува од другите уреди за виртуелна реалност, бидејќи нема да побарува да имате слушалки или кабел кој ќе биде поврзан со компјутерот за да прикажува тридимензионални видеа.

Третата новина од Facebook е видео четот на Instagram, додека кога станува збор за WhatsApp ќе се појави можноста за групен видео чет. Мене сево ова ми беше некако очекувано.

Четвртата работа е дејтииинг! Да, дејтинг или запознавање на луѓе кои би можеле да станат ваши потенцијални партнери. Лично, никогаш не помислував дека ќе се замешаат во тие води, но зошто да не? Со толку податоци за корисниците, Facebook можеби ќе биде најдобрата платформа каде може да ви најде идеален партнер, усогласувајќи ве по разни основи. Моментално, постојат 200 милиони корисници кои се водат како самци на оваа социјална мрежа. Така што, Tinder, внимавај, ти доаѓа конкуренција!

Петтата работа зачувување на интегритетот на изборите во светот. По лошите искуства од 2016 година, каде синхронизирани армии од тролови и лажни профили купуваа реклами за да ги таргетираат американските граѓани и да влијаат на нивниот избор за претседател, се чини дека сепак сега Facebook е сериозен во намерите да ги стави сите работи под конец. Отсега, па натаму ќе можете да видите кој ја купил рекламата, колку платил за неа, со какви реклами управува во исто време и слично. Реално, тоа е многу поголема транспарентност и информации во однос на тоа како оди ТВ маркетингот, платените објави во весниците и општо како се одвиваат работите со рекламирањето онлајн. Одличен потег.

Шеста новина која беше најавена на вчерашниот дел од F8 конференцијата е и „Clear History“. Во основа, оваа нова можност која ќе стане дел до Facebook, ќе ни овозможи на нас корисниците да видиме од кои се страни и апликации се собираат нашите податоци и истите да ги избришеме.

Да ја вклучиме и оваа новина како седма. Најавено како план на почетокот од годината, Facebook Messenger добива нов и многу поедноставен дизајн, а еве и како истиот изгледа.

Ете, тоа би било отприлика.

Сè на купче.

Како ви изгледа?

Претходна статијаFacebook го покажа новиот поедноставен дизајн на Messenger – ќе биде достапен наскоро
Следна статијаПрва македонска Cloud апликација – Novobox