Фото: Shutterstock.com

Очекувано неколку години веќе, Европската Комисија отвори истрага за можно прекршување на правилата за конкуренција во ЕУ од страна на Microsoft. Во овој случај конкретно се мисли на вклучувањето на Microsoft Teams сервисот во веќе популарниот Office пакет, односно сега Microsoft 365 сервис.

Проблемот стана поистакнат во 2020 година на почетокот од корона кризата, кога огромен број на луѓе почнаа да работат од дома, па ваквите апликации добија на популарност.

Со вклучувањето на Microsoft Teams, од компанијата прават да корисниците немаат потреба да гледаат кај конкуренцијата за решение, а посебно што за тоа не треба да доплатат.

Веќе можеше да прочитаме дека Microsoft планира да го издвои Teams сервисот од Microsoft 365, но тоа очигледно не ја спречи истрагата од страна на Европската Комисија.

„Microsoft го вклучува Teams во своите добро етаблирани пакети за продуктивност базирани на облак за деловни клиенти Office 365 и Microsoft 365. Комисијата е загрижена дека Microsoft може да ја злоупотребува и брани својата пазарна позиција во софтверите за продуктивност со ограничување на конкуренцијата во Европската економска област (ЕЕА ‘) за производи за комуникација и соработка.“ – истакнуваат од Комисијата.

Посебно се истакнува жалбата поднесена од страна на еден од најголемите конкуренти на Teams, Slack, кои обвинуваат дека Microsoft нелегално го има поврзано Teams со своите доминантни пакети за продуктивност.

Од компанијата веќе се во контакт со ЕК, па ќе видиме во кој правец ќе се движат работите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2EK
Претходна статијаПо вторпат Европската конференција за млади инженери ќе се одржи во Скопје, регистрацијата е во тек
Следна статијаНовиот Roborock S8 сега е достапен во Смартус Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.