Европската дивизија на Ford претстави јакна за велосипедисти која на задната страна има LED панел преку кој ќе може да се прикажуваат одредени информации. Информациите во главно е замислено да се пренесуваат преку „емоџи“ икони, па поради тоа истата е наречена „Emoji Jacket“.

Јакната уште е во концепт фаза, што значи дека не е достапна во продажба, а не е ни познато дали и кога истото би можело да се случи. Сепак, јакната дефинитивно има интересен концепт, а повеќето велосипедисти сигурно би сакале да имаат една, а посебно кога ќе прочитаат што може да постигнат со истата.

Како што кажува самото име на јакната, истата е замислено да „комуницира“ со останатите учесници, поточно тие зад велосипедистот, преку прикажување на emoji икони. Целта е да велосипедистот го пренесе своето „расположение“ во моментот, а ова доаѓа поради несоодветно третирање на велосипедистите од страна на возачите на автомобили, нешто што изгледа секаде е проблем.

Велосипедистите ќе можат да изберат насмеана икона, натажена икона, како и икона кој означува опасност, кога велосипедистот сака да застане поради дупната гума или кога поминува по оштетен коловоз, како што може да се види на видеото.

Исто така, јакната може да прикаже и еден вид на трепкачи, односно да ја покаже насоката во која велосипедистот планира да се движи, а ова е одлична замена за прикажувањето на правецот со раката.

Од Ford ја имаат развиено оваа јакна со надеж дека ќе придонесе до намалување на незгодите кои често резултираат со загинување на велосипедистите, нешто што е честа појава низ Европските патишта. Истата е дел од програмата на компанијата наречена „Share The Road“.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаАлтернативни горива
Следна статијаNetflix овозможи исклучување на една од најдосадните функции кои ги воведе на своите апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.