Фото: Shutterstock.com

Најава која само чекавме кога ќе се случи сега е официјална. Елон Маск сака да го купи Twitter и даде официјална понуда за купување на сите акции од компанијата. Во понудата која е поднесена и до комисијата за хартии од вредност, Маск нуди по 54,2 долари од акција со што вкупната понуда изнесува 43 милијарди долари.

Дека вакво нешто ќе се случи стана јасно по одбивањето на понудата да стане член на одборот на директори на Twitter, по станувањето на најголемиот поединечен акционер во Twitter. Прифаќањето на местото вклучуваше и ограничување на можноста за купување на акции од компанијата до 15% максимум, па одбивањето на позицијата ги зголеми очекувањата дека планира повеќе од добивање на директорска позиција.

За понудата Маск објави само еден краток „твит“ во кој стои „Дадов понуда“ и линк до понудата на страната на комисијата за хартии од вредност.

Одборот на директори сега ќе треба да одлачи за оваа понуда, а Маск има истакнато дека доколку понудата не биде прифатена тој ќе ја размисли својата позиција како акционер во компанијата.

Маск има голема поддршка за купувањето на Twitter, но и голем отпор, зависно за која страна се работи. Главната причина и кај двете страни е очекувањето дека тој како сопственик би ја прекинал практиката на модерирање на содржината и секој ќе може да објави скоро се што сака, со исклучок на насилство и слични општо неприфатени објави.

Претходна статијаPowerToys донесува уште една одлична функција од macOS на Windows
Следна статијаSamsung Electronics освои 71 награда на International Forum Design за 2022 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.