Nothing е компанија која постои само две години, а како главно ветување за пазарот уште од самиот почеток го има тоа за враќање на иновативноста, односно да ја направат технологијата интересна повторно.

Не може да се каже дека не го привлекуваат вниманието на пазарот, но дали нивната мисија е точно постигната, останува корисниците да оценат.

Од компанијата минатиот месец ја претставија втората генерација од нивниот смартфон, Phone (2), а сега тие веќе најавија под-бренд кој ќе биде местото од каде ќе доаѓаат поевтини уреди.

Првите производи од брендот CMF треба да бидат слушалки и паметен часовник, а може да се очекуваат до крајот на оваа година.

Брендот CMF е кратенка и означува „Color. Material and Finish.“ Ова значи дека корисниците можат да очекуваат специфични уреди, нешто слично со главниот бренд, но за пониска цена.

Главната енергија во развојот на уникатни производи ќе остане кај Nothing, а поради тоа CMF го води посебен тим.

Најавата за новиот под-бренд ја направи основачот на компанијата Карл Пеи, кој веќе има искуство со развојот на под-брендот Nord од OnePlus, компанија која тој ја ко-основа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle го олеснува процесот на тргање лични информации од пребарувањата
Следна статијаOnePlus Open сепак ќе биде направен во стилот на Oppo Find N
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.