Chrome

Популарниот интернет пребарувач Google Chrome ќе започне со блокирање реклами од денес (15-ти вефруари). Минатата година Google се приклучи на Коалицијата за подобри реклами чија цел е подобрување на квалитетот и начинот на рекламирање на интернет.

Тие уште тогаш најавија дека нивниот пребарувач ќе започне да применува поинакви стандарди кога се мисли на рекламирање. Тука примарно се однесува на прикажување реклами на сајтови кои се служат со несоодветни методи на сервирање на истите.

Со оглед на тоа што праксата стапува на сила денес, тие понудија објаснување за новиот начин на функционирање. При посетата на веб страна, Chrome најпрво ќе провери дали самиот сајт ги исполнува стандардите на Коалицијата за подобри реклами. Понатаму, „претресени“ ќе бидат барањата кои сајтот ги испраќа во форма на Java скрипти и слики и ќе бидат споредени со препознатливи шаблони кои ги користат неконвенционалните реклами.

Интересно е дека со новиот критериум ќе бидат опфатени дури и провајдери кои се во сопственост на самата компанија, како AdSense и DoubleClick.

Новите стандарди ќе важат за сите верзии на Chrome без разлика кога последен пат сте го update-увале. Почнувајќи од денес во новите привилегии ќе уживаат кроисниците на Andorid, Windows, Mac, Linux и ChromeOS. Промената ќе доцни единствено за корисниците на iOS.

Новите стандарди ќе донесат бенефит и за корисниците на интернет пребарувачот, но и за самите огласувачи. На овој начин ќе се филтрираат неквалитетните и несоодветно сервирани реклами. Од маркетерите ќе се очекува да почитуваат строги правила што ќе го крене квалитетот. Со други зборови, нема повеќе досадни и нападни рекламни кампањи. Особено не оние најиритирачките кои самоволно продуцираат звук или се наметнуваат преку целиот екран.

ИЗВОРVenture Beat
ИЗВОР 2Chromium Blog
Претходна статијаARM го претстави Project Trillium кој ветува револуција на полето на ВИ
Следна статијаДали живееме во симулација?