Shutterstock.com

Позната и веќе нормална состојба за повеќето од нас. Што и да правиме во моментот, ние наоѓаме причина да го извадиме и „чепкаме“ мобилниот телефон. Оваа активност или почесто се повторува или кога ќе ја почнеме, се забораваме подолго време внесени во прегледувањето на известувања, лајкови, коментари, пораки и слично.

Истражувачите од Универзитетот од Вашингтон преку истражување ги имаат сумирано повеќето ситуации во кои се одлучуваме да ги користиме мобилните телефони, поточно кажано кои се причините, односно предизвикувачите на оваа активност.

Четири ситуации се истакнуваат како главни, односно кои можат да ги опфатат повеќето луѓе, а кога ќе ги прочитате, сигурни сме дека ќе се пронајдете во барем една од нив, ако не и сите.

Ситуација 1 – За време на моменти кога не правиме буквално ништо

Ова се ситуации кога на пример чекаме некого на местото каде што сме договорени или чекаме да пристигне автобусот на којшто треба да се качиме. Се работи за минути кои порано едноставно ги имаме користено да ја разгледаме околината, да размислиме за работите кои ни се актуелни во моментот.

Но, што правиме во денешно време. Не смееме да се чувствуваме досадно во ниту една секунда. Во вакви ситуации веднаш го вадиме мобилниот телефон и се занимаваме додека не помине моментот на чекање.

Ситуација 2 – Пред или за време на правење на досадни и активности кои се повторуваат

Голем дел од луѓето имаат активности во текот на денот, а најчесто тоа може да е поврзано со нивната работа, кои се исти, односно се повторуваат и веќе и се досадни. Мобилниот телефон е тука веднаш да ја „разбие“ ова монотонија, па наместо внесување во активноста, па колку и да е досадна, се одлучуваме да го чепкаме мобилниот телефон.

Ситуација 3 – Во друштвени ситуации кога станува незгодно

Ова исто така е нешто што често се прави. Се седнува некаде на кафе, на пример, па доколку веќе нема за што да се разговара, телефонот е тука да ја намали незгодната ситуација која настанува и се чувствува. Исто така, доколку се работи за група на луѓе, тој што не се чувствува како вклучен дел од друштвото или едноставно не се пронаоѓа во разговорот, мобилниот телефон му е секогаш тука за да не седи само и да му биде незгодно или досадно.

Ситуација 4 – Кога се очекува некоја порака или известување

Ова, како и претходните, е позната ситуација и сигурно нема кој не ја прави или правел некогаш. Кога очекуваме некоја порака или било какво известување, како на пример од Facebook за коментар на слика или лајк, ние константно го проверуваме телефонот.

За време на истражувањето, од универзитетот истакнуваат дека не е целта да се прекине користењето на паметните телефони целосно. Тие носат големи предности и анкетирањето на луѓето кои биле дел од истражувањето го покажуваат истото.

Целта е луѓето да се научат да ги користат нивните телефони само кога од истото има потреба и реално ќе ја извадат користа од нив. Во остатокот од ситуациите, кога се користат телефоните во ситуациите како четирите набројани, најдобро е да се најде механизам којшто ќе го прекине тоа однесување.

ИЗВОРUniversity of Washington
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаBlack Mirror, сезона 5, епизода 3: Rachel, Jack and Ashley Too
Следна статијаПрезентирана технологијата на Neuralink од Елон Маск за поврзување на мозокот со компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.