Shutterstock.com

Четири европски телекомуникациски компании стануваат конкуренција на главниот бизнис на Google и Meta, а тоа е дигиталниот маркетинг, односно онлајн огласувањето. Компаниите ги вклучуваат германската Deutsche Telekom, шпанската Telefonica, британската Vodafone и француската Orange.

Компаниите ќе формираат посебна компанија во која имаат еднакво учество, која ќе биде водена од независни менаџери, а е со седиште во Белгија. За компанијата веќе е формиран надзорен одбор со членови кои се избрани од страна на акционерите.

Тоа што е најважно е што заедничката компанија има добиено дозвола од Европската Унија, која како што знаеме е доста строга кога се во прашање големи компании и влијанието на пазарот.

Новата платформа за рекламирање е развиена од страна на Vodafone и веќе се тестира во Германија изминатите година дена.

Главната карактеристика која се истакнува е почитувањето на приватноста на корисниците преку почитување на законите како GDPR и ePrivacy Directive од ЕУ.

Според информациите од заедничкото соопштение, корисниците ќе треба сами да изберат дали и од кога би сакале да гледаат реклами, а тој избор ќе можат да го менуваат кога сакаат.

Исто така, следењето на корисниците ќе биде направено само на основа на псевдо-анонимен дигитален токен, како што се истакнува, а овој токен наводно не може да биде пробиен со обратен инженеринг.

Дали новата компанија ќе може да успее да земе поголем дел од пазарот на Google и Meta, ќе биде навистина интересно да се види.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаWindows 11 ќе добие поддршка за контрола на уредите со RGB осветлување
Следна статијаSkyShowtime го прославува активирањето во Македонија со понуда за половина цена засекогаш
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.