CERN е еден од најголемите, ако не и најголемиот научен центар на планетата. Тие се воглавно препознатливи по нивните експерименти за судирање на честици. Целта е да се открие како настанал светот, материјата и антиматеријата.

Сите кои се интересираат за наука и физика, воглавно знаат за што станува збор. За тие неупатените, CERN како институција постои од 1954 година. Тие со децении се занимаваат со научно-истражувачка работа. Низ многугодишната работа, тие активно работеа на многубројни експерименти поврзани со антиматеријата. Сега се чини дека конечно има конкретен напредок на оваа тема. Имаме новости на повидок, а за што точно станува збор, прочитајте во прилог.

Тековно, фокусот е на таканаречениот ALPHA проект. Научниците репортираа дека е направено досега најпрецизното мерење на антиматеријата. На овој начин, се открива спектралната структура на антихидрогениот атом кој инаку нема дефинирана боја. Резултатите од истражувањето се објавени во познатиот научен журнал, Nature. Во трудот се презентирани фантастични три децении истражувачка работа и развој. Со него се отвора комплетно нова ера на високо квалитетни и прецизни тестови помеѓу материјата и антиматеријата.

Всушност, долгогодишен предизвик за физичарите беше да објаснат зошто материјата, наместо антиматеријата, го преживеа Биг Бенгот. Оттаму, од огромно значење е да се добие пристап до антиматеријата, како и да се разберат нејзините својства. Во спектроскопијата, својствата на атомските транзиции се одредуваат со помош на активни атоми кои се испитуваат со ласер. Се прават анализи за тоа како тие апсорбираат или испуштаат светлина. Иако истата техника може да се примени за проучување на антиатоми, но мора да се земе во предвид дека антиматеријата е тешко да се произведе и да се зароби. Од овие причини, тешко е да се мерат нејзините својства, па потребни се големи напори за да се случи вистински напредок на ова поле.

“Прецизноста постигната во најновата студија е крајно достигнување за нас”, објаснува Џефри Ханст, портпарол на експериментот АЛФА. “Ние се обидуваме да ја постигнеме оваа прецизност дури 30 години и конечно успеавме во тоа овој период”.
Како и да е, дефинитивно се возбудливи времиња да се биде жив. Којзнае како ли им е на научниците кои директно се инволвирани во овие експерименти. Да заспиеш навечер со фантастични сознанија, особено кога станува збор за нешто што е истражувано со децении, мора да биде од непроценлива важност.
Следете не’ на социјалните мрежи и бидете во тек со сите новости.
Претходна статијаApple ги претстави iPhone 8 и iPhone 8 Plus (PRODUCT) RED Special Edition
Следна статијаWizz Air направи порачка од „GEVEN“ за опремување на 110 Airbus A321NEO