Веќе знаеме дека втората генерација од Nothing Phone ќе дојде со Snapdragon 8+ Gen 1, а тоа наводно случајно го објави еден од директорите во Qualcomm преку LinkedIn.
Сега информацијата е и официјално потврдена директно од основачот и директор на Nothing, Карл Пеи. Тој на Twitter објави дека Nothing Phone (2) ќе работи на Snapdragon 8+ Gen 1, а ова ќе претставува големо подобрување во споредба со првата генерација моментално достапна.
Чипот кој се користи беше и една од критиките кои ги имаат корисниците. Snapdragon 778G+ го ставаше Nothing Phone (1) во средната, односно средно високата класа, па тој не ги даваше перформансите кои корисниците ги очекуваа од брендот на поранешниот основач на OnePlus.
Иако Snapdragon 8+ Gen 1 не е најновото од Qualcomm, сепак Snapdragon 8 Gen 2 не е огромна надградба, па не е ни чудно што од компанијата при неговата презентација споредбата ја правеа со Snapdragon 8 Gen 1, а не со „плус“ моделот.
Карл Пеи во својата објава продолжува и со истакнување на дел од разликите кои ги донесува подобриот чип во споредба со ланскиот модел. Тој најавува два пати побрзо отворање на апликациите, заедно со 80% подобрување на перформансите.
Очекувано, тој најавува доста големо подобрување на траењето на батеријата, способноста на камерите, мрежните способности и слично.
Пеи посебно го истакнува 4nm процес на производство со кој е направен Snapdragon 8+ Gen 1, а ова беше и главната причина зошто овој чип имаше многу подобри перформанси во споредба со претходните „плус“ модели и нивните први верзии.
Nothing Phone (2) треба да биде претставен ова лето, но се’ уште не се објавува конкретна дата за тоа. Ако минатата година е некаков показател, новиот телефон од Nothing треба да го очекуваме накаде во јули.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



