Фото: Blackmagic

По пуштањето на својата iOS верзија, познатите Blackmagic Design сега ја пуштија и Android верзијата од нивната Blackmagic Camera апликација. Со оваа апликација корисниците добиваат доста понапредни прилагодувања за камерата на својот смартфон кои можат да се споредат со дигиталните камери кои ги имаат од компанијата.

Blackmagic Design, покрај тоа што се познати по своите камери, на пазарот ја имаат и една од најпознатите апликации за професионална измена на видео содржина, DaVinci Resolve.

Очекувано, со Blackmagic Camera корисниците можат директно да се поврзат со Blackmagic Cloud сервисот, па снимената содржина веднаш да биде прикачена на серверите и достапна за користење во DaVinci Resolve.

Корисничкиот интерфејс на Android верзијата е ист како на iOS, а на корисниците им овозможува доста информации при снимањето, како што се хистограм, аудио нивоа, а тука се и информациите за леќите на камерата, fps, shutter, iris, ISO, white balance и слично.

Сите овие прилагодувања можат да бидат изменети од страна на корисникот, со што може да се каже дека смартфонот се претвора во професионална дигитална камера.

Достапни се и други апликации кои овозможуваат слични функции, но Blackmagic Camera дефинитивно се издвојува како една од подобрите, а посебно кога ќе се земе во предвид искуството на компанијата.

Blackmagic Camera сепак нема да биде достапна за сите Android смартфони, па истата е ограничена за корисниците на Samsung и Google Pixel уредите, а дури и кај нив е достапна во поновите модели од последните две години.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСтефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч
Следна статијаWindows 11 Government верзијата доаѓа без повеќето апликации и без „следењето“ од Microsoft
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.