Bitdefender, една од најпознатите интернет безбедносни компании во светот, претстави нова алатка која треба да им помогне на корисниците да откријат дали „си имаат работа“ со измама.
Scamio е името на алатката и истата функционира со помош на вештачка интелигенција. Се користи слично како ChatGPT или било која друга „чет“ алатка која е направена со вештачка интелигенција и голем јазичен модел.
Не е конкретно истакнато, но сигурно Scamio користи некоја од достапните алатки, односно како GPT од OpenAI.
Scamio алатката е достапна преку веб, на овој линк и корисниците се што треба е да се најават со својата Bitdefender сметка или да креираат нова доколку немаат. Со тоа добиваат пристап до „чет“ кориснички интерфејс во кого можат да го опишат својот проблем или директно да внесат текст од порака, имејл или слично.

Покрај тоа, корисниците можат да внесат и слика или линк, па сето ова Scamio ќе го анализира и на корисниците ќе им каже дали се работи за измама или не.
Засега алатката не дава објаснување врз основа на што го има дадено одговорот, па на корисниците останува да му веруваат на Scamio или не.
Покрај преку веб, Scamio е достапен и преку Messenger од Meta, а се најавува достапност и преку WhatsApp, како и Telegram.
Покрај вештачката интелигенција, во позадината на Scamio стои и системот за препознавање на малициозен софтвер од Bitdefender, што секако додава на сериозноста на оваа алатка.