Shutterstock.com

Во Get Wired програмата, на познатиот магазин и портал Wired, Бил Гејтс минатата недела говореше на неколку теми, меѓу кои најмногу се задржа на актуелната тема за новиот коронавирус.

Ова секако е поради фактот што тој е доста вклучен во финансирањето на спречување и лечење од одредени болести во светот, па сега и за COVID-19, па иако не е експерт на темата, тоа што го има како информација и е спремен да го каже, може доста да ни користи.

Тој како што знаете е и цел на многу обвинувања за креирање на вирусот, како и за желбата да го чипува населението преку вакцините, обвинувања кои секако немаат ни малку аргументи, докази, па ни логика.

Во интервјуто за Wired, Гејтс доста се задржува на тоа како САД се имаат справено со кризата, претседателот Трамп, како и американската CDC. Во тој дел дава и одредени коментари кои би не интересирале сите нас, па главниот можеби е дека побогатите земји, односно развиените земји порано ќе се справат со корона кризата, а тој очекува дека епидемијата во овие земји ќе заврши до крајот на идната година.

Тој овој коментар го објаснува со тоа дека во богатите земји нивото на иновација е многу поголемо, тука се и дијагностиката, развојот на нови методи и средства за терапија, како и развојот на вакцините.

За разлика од богатите земји, остатокот од светот ќе продолжи да се справува со коронавирусот уште една година, односно тој најавува дека пандемијата ќе заврши до крајот на 2022 година.

Според Гејтс, новиот вид на вакцини, тие кои се направени на основа на РНК, наместо на ослабен вирус, ќе бидат повеќе достапни во побогатите земји, додека другите ќе имаат вакцини кои се направи на начинот кој отсекогаш се користел за нивниот развој. Компании кои развиваат вакви вакцини и ги дава како пример Гејтс се вакцините од AstraZeneca и Johnson & Johnson.

Гејтс исто така истакнува дека сите досегашни истражувања на животни, како и на луѓе, покажуваат дека овој вирус ќе може да се спречи со користење на вакцина, што остава надеж поради тоа што ова уште не се смета за факт.

Целото интервју на Бил Гејтс за Wired можете да го слушнете во продолжение.  

ИЗВОРWired
Претходна статијаРусија ја одобри првата вакцина против COVID-19 во светот пред да ја помине третата и најважна фаза од нејзиното тестирање
Следна статијаПоследната Blockbuster продавница во САД ќе овозможи преспивање преку Airbnb и гледање на филмови на VHS касети
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.