Подкастите во светски рамки од ден на ден стануваат сè повеќе популарни, а ние сме сведоци на сите различни содржини што се достапни и заради кои стануваат неизбежно хоби во модерното секојдневие. Без разлика дали сакаме историја, музика, книги, или сме во постојана потрага по забава, постојат голем број подкасти кои ќе ни овозможат убави моменти во текот на денот за сите наши интереси и вкусови. Секако, идеално е подкастите да се следат со добри слушалки со квалитетен звук, меѓу кои дефинитивно ги препорачуваме безжичните слушалки Samsung Galaxy Buds+.

  1. „Вистината за Коронавирусот“

Подкастите се тренд што сè уште се развива на нови начини на македонската сцена, а најактуелниот подкаст со забавна и хумористична содржина во форма на пародија е секако подкастот на ВидиВака, „Вистината за Коронавирусот“. Подкастот веќе има 5 епизоди кои постојано се зголемуваат, а главната тема е пародично претставување на телефонски разговори на двајца пријатели како и колеги кои се новинари, во период на социјално дистанцирање и полициски час поради моментално најпознатиот вирус на планетата. Разговорите на овој подкаст се пародија за различни дезинформации и теории на заговор што се објавуваат и споделуваат на социјалните мрежи во овој период и кои се шират со еднаква брзина како и самиот вирус. Супер идеја за попладне исполнето со добра доза на оригинална пародија за општествените случувања – звучи сосема забавно, зошто да не!

Ви се допаѓа историјата, но и музиката? За 50-тиот роденден на распадот на меѓународно популарниот бенд Beatles, овој аудио проект спроведен од Liverpool Echo носи приказни од самиот почеток на групата и успешната кариера на нејзините членови. Во подкастот можете да ги слушнете приватните приказни на граѓаните на Ливерпул, кои учествувале во создавањето на урбаната музичка сензација во нивниот град, поради што овој подкаст не е уште еден досаден документарец. Всушност, здивнете и слушајте ја дискографијата на овој легендарен бенд со овој подкаст додека поминувате време во својот дом.  

Се разбира, подкаст во овие времиња, исто така може да ни обезбеди добар извор на хумор! Така, комичарите Hannah George, Catie Wilkins и Taylor Glenn ги здружуваат силите за да најдат одговори на бројни случаи на криминал и нерешени мистерии. Со бројни гости, меѓу кои се појавиле и Joe Lyett, Rachel Parris, Katie Mulgrew и Katherine Ryan, овие детективи заедно со добра чаша вино, ќе ви дадат дневна доза хумор за поубав ден.

Многумина од нас ја користат оваа моментална прилика да ја истражат богатата понуда на high-end серии и филмови на Netflix. Сепак, сите знаеме дека изборот е досадниот дел, затоа што во шареноликата понуда трошиме повеќе време при изборот што да гледаме, отколку во уживање при гледањето пред телевизорот. Овој подкаст ќе ви даде препораки за актуелните филмови со конструктивни коментари и објаснувања, а кога ќе ја пронајдете интересната содржина, зошто да не ја гледате на Netflix во Ultra HD резолуција на вашиот Samsung QLED телевизор?

Сакате да го посветите вашето време на литература, а сте голем обожавател на младиот волшебник Harry Potter? Британскиот актер Jim Dale со своите одлични раскажувања ќе ги врати слушателите во младешките приказни од Hogwarts. Овој подкаст кој обезбедува бројни часови на забава, може да биде насочен и кон вашите најмали, за да ги воведе во магичниот свет на Harry и неговите пријатели, а воедно служи и за вежбање на англискиот јазик!

Затоа, подгответе ги вашите безжични слушалки Samsung Galaxy Buds+ и патувајте во шарениот свет на подкасти преку супериорниот звук. Подкаст ентузијастите со сигурност ќе најдат нешто за себе на овој список, а оние кои сè уште не се приклучени на овој медиумски свет – сега е вистинското време да се обидат.

Претходна статијаOneDrive ќе ги синхронизира само промените во датотеките
Следна статијаРСБСП со апел: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за првомајските празници