„Никој не сака акција како што јас сакам“. Со овие зборови, откако го паркира неговиот тенк преку друг автомобил пред зградата на Netflix, Арнолд Шварценегер објави дека е назначен како Главен акционен директор на компанијата.

Тој најави дека ќе работи цело време за да ја донесе најдобрата акција во светот, но не е познато дали неговото ангажирање е само маркетинг потег или тој навистина ќе има некаква улога во одлуките на Netflix.

Каква „модерна“ содржина е дел од Netflix изминатите години, би било добро дел од одлуките да му бидат дадени на некој како Шварценегер, но ќе видиме.

Покрај најавата за новата позиција, Шварценегер продолжува и со најава на акциони филмови и серии кои ќе ги има на сервисот оваа година, а една таква серија е и неговата FUBAR.

Оваа серија ќе стане достапна од 25 мај, а е првата серија во која глуми Шварценегер.

Филмовите и сериите кои може да се очекуваат во периодот што следи се достапни тука.

Претходна статијаПрофесор во САД ги има „бутнато“ дел од своите ученици поради ChatGPT
Следна статијаSamsung го претставува Knox Matrix: 10 години на Samsung Knox Security и визијата на Samsung за посигурна иднина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.