Фото: Shutterstock.com

ARM, компанијата која стои зад дизајнот на најмногу користените и најдобрите чипови кај смартфоните, а изминатите години и кај компјутерите, ја претстави наредната генерација од нивните дизајни.

Новата генерација доаѓа како дел од новата платформа која ARM ја нарекува CSS for Client, а за оваа платформа се истакнува дека е најбрзата досега кога се во прашање Android смартфоните.

Со оглед на конечното пуштање на Windows конкуренцијата на MacBook, Copilot+ компјутерите, може да се очекува користење на овие нови чип дизајни и кај оваа категорија на производи.

Кај Cortex-X серијата се најавуваат доволно големи подобрувања што наследникот на Cortex-X4 оваа година е наречен Corte-X925. Овој чип се најавува дека треба да донесе 36% подобрени перформанси на еден „thread“, додека подобрувањата кај вештачката интелигенција се дури 46%.

Кај новите уреди кои ќе работат со ваков чип може да се очекува генерално подобрување на перформансите од 30%.

Cortex-A725 треба да донесе подобрување од 35% кај ефикасноста на перформансите, што ова не е директно направена споредба кај перформансите на чипот. Во случајот со потрошувачката на енергија, Cortex-A725 доаѓа со 25% подобрување од ланскиот модел.

Јадрата кои се наменети за заштеда на енергија обично се Cortex-A520 и оваа година тие добиваат само освежување, односно не целосно нов модел. Подобрувањата кај потрошувачката може да се очекуваат околу 15%.

Сите подобрувања може да се каже дека во голем дел се должат на подготвеноста за 3nm процес на производство, покрај промените во дизајнот од страна на ARM.

Нова генерација добива и графичкиот процесор, па оваа година доаѓа Immortalis G925, кој секако доаѓа со поддршка за „ray tracing“.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2ARM
  • ОЗНАКИ
  • ARM
Претходна статијаОтворени нaд 60 нови е-продавници во Македонија и Албанија преку проектот „Дигитално подготвени за Е-трговија“
Следна статијаApple планираат да ги направат приватни функциите со вештачка интелигенција кои ќе ги користат нивните сервери
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.