Apple официјално закажа настан којшто ќе го одржи на 15-ти септември и ќе може да се следи во живо преку страната од компанијата. Како и повеќето настани оваа година и овој ќе се одржува само онлајн.

Обично настаните од Apple во септември се наменети за најновите модели за годината од iPhone телефоните, меѓутоа според поканата до медиумите, изгледа овој настан нема да биде како досегашните.

На ова се надоврзуваат и неофицијалните информации кои говореа дека Apple ќе го одложи пуштањето на новите iPhone модели оваа година поради мал застој во производствениот процес, поради корона кризата.

Тоа што се очекува, а и се истакнува во мала форма во поканата, е претставување на шеста генерација од Apple Watch, а исто така се очекува и претставување на нови iPad модели. Овие уреди обично се претставуваат после iPhone телефоните, па очигледно оваа година работите ќе се постават обратно.

Одложувањето на iPhone 12 телефоните не се очекува да биде големо, па истите се очекува да бидат претставени во октомври, по што како и секогаш, веднаш ќе бидат достапни во продажба.

Apple Watch е број 1 паметен часовник во светот кој успеа да ги надмине и обичните часовници. Нема друг часовник кој успева да му конкурира, иако поновите модели од Android часовниците успеваат да ги воведат некои од фитнес и здравствени функции кои го правеа Apple Watch посебен.

Настанот којшто е закажан за 15-ти септември ќе се одржи со почеток од 17 часот по македонско време и ќе може да се гледа во живо преку главната страна на Apple.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМакедонските јуниори-информатичари и годинава успешни
Следна статијаGoogle почна да ја пушта финалната верзија од Android 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.