Apple официјално ја објави датата кога ќе се одржи годинашната WWDC, односно Worldwide Developers конференцијата, која покрај за програмерите, важна е и за останатите поради презентирањето на наредните верзии од оперативните системи од компанијата.
Оваа година WWDC ќе започне на 9 јуни, а ќе трае до 13 јуни. Како и секогаш, нас најмногу не интересира презентацијата од првиот ден кога ќе бидат претставени новите верзии од iOS, iPadOS, macOS, watchOS и tvOS.
Ќе биде интересно да се види дали и колку од презентациите оваа година ќе бидат за Apple Intelligence, поради големите најави минатата година, кои не се остварија баш, а посебно подобрената верзија од Siri.
Сепак, не е се во вештачката интелигенција, па конференцијата изгледа ќе биде доста интересна поради најавите за поголем редизајн на оперативните системи, а посебно iOS и macOS.
Се очекува корисничкиот интерфејс да биде редизајниран делумно во стилот на visionOS, а се најавува и поедноставување на начинот на којшто се користи macOS.
Конференцијата повторно ќе биде само онлајн, а дел од програмерите и студентите ќе имаат можност да присуствуваат во живо и да комуницираат со дел од вработените во компанијата.
Преносот на сите презентации ќе биде бесплатен за програмерите, а првиот ден ќе можат да го гледаат сите преку страната на Apple, како и преку нивниот YouTube канал.