Иако има уште време до претставувањето на наредната, поточно трета, генерација од M чипот од Apple, веќе ги гледаме и првите информации за што може да донесе на пазарот истата.
Apple секако мораат да ги тестираат своите производи и со апликации кои не се нивни, па ова е добар начин да излезе по некоја неофицијална информација.
Марк Гурман, врз основа на информација од програмер, ги дава можните карактеристики на M3 Pro чипот кој најверојатно ќе го видиме кај MacBook Pro компјутерите дури идната година.
Овој чип треба да донесе поголеми подобрување во споредба со М2, а во најголем дел тоа ќе се должи на префрлувањето на 3nm технологија од страна на TSMC.
Според информациите, M3 Pro ќе дојде со 12 процесорски јадра, од кои 6 за перформанси и 6 за заштеда на енергија, потоа 18 графички јадра, како и 36GB унифицирана меморија.
Ова е до некаде стандардно зголемување на бројот на јадра соодветно на претходните години. Бројот на процесорски јадра е зголемен од 8 во првата верзија, односно од 14 графички јадра, а унифицираната меморија добива најголемо зголемување, од 32GB во првата верзија.
Ако споредбата се направи и на посилните верзии од M3 Pro, тогаш може да се очекува и M3 Max чип со 14 процесорски јадра, 40 графички јадра, додека М3 Ultra чипот може да донесе 28 процесорски јадра и 80 графички јадра.
Пред претставувањето на M3 Pro чипот сепак на ред е основниот M3, а првите уреди со овој чип се очекуваат до крајот на годината во MacBook Air, iMac и MacBook Pro од нешто „пониската“ класа.