Фото: Shutterstock.com

Apple ќе ја претстави новата iPhone 15 серија, меѓу другото, на 12 септември, односно идниот вторник. Иако се’ уште не е официјално потврдено, ќе мора да го почекаме настанот, сепак се очекува дека од компанијата конечно ќе почнат да го вградуваат USB-C приклучокот кај нивните телефони, наместо Lightning.

Причината за оваа одлука е позната, а тоа се законите во Европската Унија кои бараат од производителите да го користат овој приклучок. Од Apple ќе продолжеа уште некоја година со нивниот Lightning да не беше овој „притисок“ од ЕУ, а како главна причина за тоа се смета наплатата на лиценци од производителите кои го користат Lightning и сакаат да ги продаваат преку официјалните продавачи на компанијата со Made for iPhone ознаката.

Марк Гурман во својот најнов билтен, посебно внимание посвети на оваа промена. Тој тврди дека Apple ќе го насочи вниманието на предностите на USB-C и ќе ја презентира промената како победа за корисниците.

Apple се познати по својот настап во јавноста, па тие секогаш кога претставуваат нешто ново, мора тоа да го направат од позиција на предност и сила, па сигурно нема да се спомене одлуката на ЕУ.

Некои од предностите кои Гурман смета дека ќе бидат истакнати се можноста сите Apple уреди да можат да се полнат со еден полнач, со оглед на тоа што MacBook и iPad уредите веќе доаѓаат со USB-C.

Овој приклучок исто така ќе донесе поголеми брзини за пренос на податоци, барем кај дел од моделите, како и поголема брзина на полнење, исто така кај дел од моделите.

На крај, новиот приклучок ќе овозможи iPhone конечно да може да се полни со полначите од другите производители, односно корисниците ќе можат да го полнат својот телефон со полнач од Android.

Ова се смета како една од „пречките“ зошто Apple гледаше да што подолго продолжи да го користи нивниот Lightning приклучок. Корисниците сега ќе можат полесно да се префрлат на Android, а голем фактор за тоа е сопственоста на потребните кабли и полначи, наместо да мораат да купуваат нови.

Уште еден уред се очекува дека ќе почне да го користи USB-C приклучокот, а тоа се AirPods слушалките, односно нивната кутија за полнење.

Со ова корисниците на Apple конечно ќе можат да ги полнат сите нивни уреди со еден полнач, наместо да мора да имаат два.

Според Гурман, Apple ќе продолжи да го вклучува потребниот кабел за полнење, во овој случај USB-C, па секако корисниците нема да мора да купуваат нов со нивниот нов телефон.

Тоа што сепак ќе мора да го направат корисниците е да купат нов полнач доколку имаат постар iPhone, односно постар од iPhone 12. Полначите изминатите неколку години доаѓаат со USB-C приклучок, па тие што имаат прилично нов iPhone, нема да мора да купуваат нов.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаSamsung ја открива комбинираната машина за перење и сушење алишта BESPOKE AI™ на IFA 2023 година
Следна статијаMicrosoft ќе ја тргне старата WordPad апликација од Windows
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.