Apple за корисниците во САД кои го користат Apple Pay, пуштија нова можност за одложено плаќање, односно плаќање на рати. Apple Pay Later во периодот што следи ќе им стане достапен на помал број корисници, но во месеците што следат се планира пуштање на сите корисници во земјата.

Apple Pay Later на корисниците им овозможува да ги поделат плаќањата на четири делови, односно овозможува четири рати при купување кои се исплаќаат во рок од шест недели.

Сумата којшто може да се „позајми“ е од 50 до 1000 долари, а корисниците за користењето на овој нов сервис не плаќаат камати, ниту провизии. Распоредот на исплати кои следат може да се гледа во посебен дел од Apple Wallet, а достапен е и преглед преку календар за подобро планирање.

Apple Pay Later може да се користи со сите компании кои веќе имаат поддршка за Apple Pay, а тие нема потреба да направат ништо за да на корисниците им стане достапен новиот сервис.

По првичното прилагодување на Apple Pay Later, корисниците при секое плаќање онлајн или во самите апликации, ќе добијат можност да изберат дали сумата сакаат да ја платат во целост или да ја платат „подоцна“.

За користењето на овој нов сервис корисниците ќе можат да приклучат само дебитна картичка, а за спречување на злоупотреба, нема да може да се користат кредитни картички.

Apple Pay Later се нуди од страна на подружницата на Apple, Apple Financing LLC, а е направен во соработка со Mastercard Installments програмата во земјата.

ИЗВОРApple
Претходна статијаMicrosoft повторно работи на модернизирање на основата на која е направен Windows
Следна статијаЕлон Маск, Стив Возниjак и група истражувачи повикуваат да се стави пауза во тренирањето на системите со вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.