beats-logo-f

Информации дека Apple се во фаза на договарање за купување на Beats почнаа да излегуваат изминатите недели, за вчера тие и официјално да бидат потврдени. Apple ги купува двете компании дел од Beats брендот, односно Beats Electronics кои што ги произведуваат познатите Beats слушалки и звучници, како и Beats Music ново започнатиот музички стриминг сервис, конкуренција на познатиот Spotify. Beats брендот ќе продолжи да функционира независно од Apple брендот, односно ќе продолжи да се развива, а заедно со него остануваат и неговите основачи Jimmy Iovine and Dr. Dre, кои што се дефинитивно важен дел од компаниите.

Договорот за купување на компаниите изнесува 3 милијарди долари, односно 2,6 милијарди исплатени со зделката и 400 милиони со тек на време во форма на акции. Оваа зделка претставува најголемата која што ја има направено Apple после купувањето на компанијата на Steve Jobs, NeXT за 400 милиони долари, по што Jobs се врати назад во Apple. Apple ќе продолжат да го нудат својот сервис за купување на музика iTunes и на корисниците ќе им биде достапен паралелно со новиот Beats сервис.

Apple се компанија која што го револуционизира начинот на купување на музика со претставување на својата продавница iTunes. Поради тоа беше чудно да се гледа како полека го губат приматот на пазарот за купување на музика, на сметка на новите сервиси за стрминг на музика, наместо купување песна по песна или цел албум. Корисниците покажаа дека концептот на стриминг со месечна претплата, наспроти купувањето на посебни песни, е многу поприфатлив во денешно време. Долго се шпекулираше за тоа дали Apple ќе претстави свое решение со кое што ќе им конкурира на сервисите како Spotify, но сепак на крајот се реши да купи компанија со готово решение.

Од Apple најавуваат развој на Beats сервисот и корисниците може да очекуваат, како што тие сакаат да се изразуваат, mind blowing производи во иднина.

Музиката е многу важен дел од нашите животи и има специјално место во нашите срца во Apple. Затоа ние продолживме да инвестираме во музика и ги донесовме заедно овие одлични тимови за да можеме да продолжиме да ги креираме најиноватините музички производи и сервиси во светот. – Tim Cook

Претходна статијаSmash, гаџет кој ќе ви помогне подобро да играте тенис
Следна статијаFuji во соработка со IBM до нова прототип лента од 154ТВ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.