Фото: Shutterstock.com

Март е месецот за кој уште од минатата година се најавува дека Apple ќе ги претстави своите први iPad модели со OLED екран. Ова е голема новина за овие уреди, иако повторно имаме големо доцнење од страна на Apple во споредба со конкурентите.

Според најновите информации, овие уреди, заедно со уште неколку други, можеме да ги очекуваме уште оваа недела. Apple нема да одржи настан за претставувањето на овие уреди, па како што тоа го има направено и досега, истите ќе бидат објавени на нивната страна, а се очекуваат и дополнителни маркетинг кампањи.

Дека претставувањето на уредите може да се очекува уште оваа недела информираат од MacRumors повикувајќи се на свои извори, но ќе видиме дали навистина ќе биде така. Како и да е, овие уреди можеме да ги очекуваме наскоро.

Дека претставувањето ќе биде наскоро, а и дека нема да биде во форма на посебен настан информира Марк Гурман преку неговиот редовен неделен билтен. Тој во овој билтен ни дава и листа за тоа кој уреди можеме да ги очекуваме заедно со новите iPad Pro модели со OLED екрани.

Според него, iPad Pro моделите, покрај OLED екраните, ќе добијат и мал редизајн, треба да бидат потенки, а се очекува и поставување на предната камера во позиција за нејзино користење во „пејзаж“ позицијата.

Исто така, овие уреди треба да работат на M3 чипот од Apple, кој беше претставен минатата година.

Другите уреди кои се очекуваат се iPad Air кој оваа година треба за првпат да има и 12,9 инчна верзија. Потоа, се очекуваат и два нови MacBook Air со М3, како и нова Magic тастатура за iPad уредите и ново Apple пенкалце.

Ќе видиме оваа недела дали навистина Apple ќе ги претстави овие уреди, а тоа што е сигурно е дека утре треба да биде пуштена надградбата на iOS и другите системи кои ќе ги донесат новините наметнати од страна на ЕУ.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Bloomgerg
Претходна статијаСо NLB Smart POS, мобилниот телефон станува ПОС терминал
Следна статијаGoogle Chrome добива три новини за подобро пребарување преку прелистувачот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.