Apple на денешниот настан навистина претстави нова и редизајнирана верзија од Apple Watch наменета за спортистите, но испадна дека овој часовник на ја носи додавката Pro. Новиот часовник од Apple е наречена Apple Watch Ultra.

Како што се очекуваше, Apple Watch Ultra е паметен часовник специјално наменет за спортистите, како што се планинарите на пример. За таа цел тој е поголем, изработен е од поиздржлив материјал и има батерија која може да издржи до 36 часа со едно полнење.

Изработката на часовникот е од титаниум кој покрај на самото тело, го има и во мал дел околу екранот со цел да го заштити од случајни удари.

Apple Watch Ultra иако во основа изгледа како другите часовници од компанијата, тој сепак е доволно различен за да може да се оправдаат најавите за првиот редизајн после подолго време.

Големината во ширина е со 47mm, што е за 2mm повеќе од досегашните Apple Watch димензии.

Како дел од редизајнот, Apple Watch Ultra има додатно копче кое се наоѓа на левата страна, веднаш до дополнителниот звучник кој треба да овозможи подобар звук во ситуации кога околината го бара тоа.

Новото копче е замислено да се користи за брзо вклучување на одредено вежбање или некои други функции кои ќе ги избере корисникот.

Посебно интересна е функцијата backtrack која е тука да ви помогне доколку се изгубите при планинарење, на пример, односно да ви помогне да се вратите кај вашиот шатор.

За Apple Watch Ultra достапни се нови и посебни развиени ременчиња, како и „watch faces“ направени точно за намената на еден ваков часовник.

Apple Watch Ultra работи на новиот watchOS 9, како и на новиот Apple S8 чип на кој работи и новиот Apple Watch Series 8.

Големите очекувања од новиот Apple Watch може да се каже дека се остварија, па со тоа и доста повисоката цена.  

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple го претстави Watch Series 8 со сензор за температура како функција за женското здравје
Следна статијаApple ги претстави iPhone 14 и iPhone 14 Plus со сателитска конекција за итни ситуации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.