AOMedia, односно The Alliance for Open Media организацијата објави дека до крајот на годината ќе биде пуштена втората верзија од нивниот „кодек“ кој во главно е наменет за „стриминг“ сервисите.
AV2 треба да донесе подобра компресија на видео датотеките, нешто што е клучно и главна карактеристика на овој кодек, но и дополнителни функции кои се соодветни за ова „модерно време“.
„AV2, генерациски скок кај кодирањето на отвореното видео и одговор на растечките светски барања за стриминг, испорачува значително подобри перформанси на компресија од AV1. AV2 обезбедува подобрена поддршка за AR/VR апликации, испорака на повеќе програми на поделен екран, подобрено ракување со содржината на екранот и можност за работа во поширок опсег на визуелен квалитет. AV2 означува пресвртница на патот кон отворена, иновативна иднина на медиумските искуства.“ – истакнуваат од AOMedia.
AV1 кодекот веќе се користи од најпознатите сервиси, како што се на пример YouTube и Netflix, а од организацијата истакнуваат дека анкета која ја имаат направено најавува дека 53% од нивните членови ќе го имплементираат AV2 кодекот во првата година од пуштањето. 88% од членовите го планираат истото во првите две години.
Што се однесува до корисниците, тие во главно не би можеле да забележат некоја разлика од кодекот кој се користи, а во главно тука би дошле до израз брзината на пуштање на видеата, како и трошењето на интернет сообраќајот од видеата кои сега во главно се во 4К и трошат гигабајти на час.
Како дел од AOMedia oрганизацијата се компании како Google, Apple и Microsoft.