Најновата бета верзија од Android 14, која е меѓу последните пред официјалното пуштање на системот, донесува една доста корисна функција која овој пат ги става корисниците на Android во ситуација да добијат нешто што веќе е достапно на iPhone.
Android телефоните ќе можат да се користат како веб камера на компјутерите, а со тоа Continuity Camera функцијата на Apple добива конкуренција, а за корисниците една причина помалку да се префрлат на iPhone.
Функцијата на Android сепак не функционира целосно исто како таа на iPhone, па корисниците ќе можат да го поврзат својот телефон како камера само со кабел, односно преку USB.
Без разлика, оваа нова можност е одлична и функционира едноставно, корисниците се што треба е да го поврзат својот телефон, каде треба да изберат полнење прекy USB. Тука е достапна и новата можност, телефонот да се користи како веб камера, а со избирањето на оваа можност се вклучува нов дел каде може да се прилагодат неколку работи.
На компјутерот не треба да се прави ништо, па телефонот треба само да се избере од листата на камери во апликациите кои имаат видео повици.
Поради тоа што оваа функција на Android е достапна преку USB Video Class стандардот, не прави разлика на која платформа се користи, односно на кој компјутер. Android телефон може да биде поврзан на Windows компјутер, но исто така на macOS, ChromeOS и Linux.
Со оглед на тоа што функцијата е достапна во бета верзија од Androdi 14, истата не е целосно завршена, а достапна е само на Pixel уредите. Од тоа што е достапно како информација, функцијата треба да им биде достапна на сите корисници, односно се што треба е другите производители да ја искористат.
Користењето на денешните смартфони како веб камера има доста предности. Истите имаат многу поквалитетни камери во споредба со повеќето вградени камери и веб камери, а тука е и подобриот квалитет на микрофоните.