Со претставувањето на Pixel 8 и Pixel 8 Pro, како и обично, Google ја пушти финалната верзија од наредната генерација од Android системот. Android 14 изминатите месеци се тестираше во бета форма, а оваа недела станува официјално достапен за корисниците.

Сепак, ова важи во главно за корисниците на Pixel уредите и можеби уште неколку, но повеќето други ќе мора да почекаат до пуштањето на својата прилагодена верзија од производителите.

Од Google во најавата за пуштањето на Android 14 најавија дека подоцна во годината може да се очекуваат надградбите од Samsung, Nothing, OnePlus, Oppo, Realme, Sharp, Sony, vivo, Xiaomi, Tecno и iQOO.

Неколку новини се истакнуваат како главни во системот кој не е голема надградба од ланската верзија. Корисниците добиваат продолжение на можностите за прилагодување на својот главен и „заклучен“ екран, а сега се достапни нови фонтови, „виџети“, бои и формати, а тука се и новите можности за поставување на кратенки до апликациите.

Android 14 овозможува и функции како што се промената на стилот на екранот кога е избрана временската прогноза, а има промена на времето.

За корисниците на Pixel 8 уредите, а со помош на генеративната вештачка интелигенција, доаѓа можноста за креирање на позадини врз основа на насоки од корисникот. За почеток има веќе подготвени позадини, но корисниците можат да направат промени или да дадат целосно нови насоки.

Како продолжение на Android 13 и поддршката за HDR, Android 14 донесува поддршка за Ultra HDR со што сликите добиваат подобри бои, посилни светли делови и потемни сенки.

Health Connect е уште една новина која доаѓа со Android 14, а истата им овозможува едно централно место за чување на здравствените информации од различните апликации. Шифрирањето на податоците на самиот уред ја зголемува приватноста на корисниците, за податоци кои сепак се лични и не би сакале да некој има пристап до истите.

Видеото во продолжение ги прикажува топ 14 новите функции кои се дел од Android 14.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаApple ја пушти iOS 17.0.3 надградбата со исправка за прегревањето на iPhone 15 серијата
Следна статијаГолеми светски брендови ќе зборуваат за редефинирање на е-трговијата со вештачката интелигенција во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.