Фото: AMD

AMD во рамките на Computex 2024 претстави нова категорија на процесори кои се наменети за новите Copilot+ компјутери кои Microsoft ги претстави пред околу две недели.

Copilot+ компјутерите донесуваат вистинска конкуренција на MacBook од Apple, а и конечно го донесуваат Windows на ARM чиповите како што треба. Една од главните карактеристики на ваквите компјутери е малата потрошувачка на батеријата.

AMD ќе понуди свои процесори за овие нови компјутери, а за таа цел од компанијата претставија целосно нова серија наречена Ryzen AI. Конкретно, претставени се два процесори, односно AMD Ryzen AI 9 HX 370 и AMD Ryzen AI 9 365.

Тоа по кое се истакнуваат овие процесори е делот наменет за работа со вештачката интелигенција, односно NPU, нешто што стана доста актуелно да се споредува во форма на TOPS – trillions of operations per second.

Во случајот со двата нови процесори до AMD, тие овозможуваат над 50 TOPS, со што ги надминуваат новите Snapdragon X Elite, како и М4 од Apple. Конкуренцијата, барем кога е во прашање оваа вредност, ќе ја донесе Intel со нивните наредни Lunar Lake процесори оваа година.

Што се однесува до останатите карактеристики, Ryzen AI 9 HX 370 доаѓа со 12 процесорски јадра и 24 „threads“, додека нешто послабиот модел Ryzen AI 9 365 доаѓа со 10 јадра и 20 „threads“.

Двата процесори функционираат на фреквенција од 2.0GHz, а можат да бидат засилени до 5.1, односно до 5.0GHZ соодветно.

Графиката кај овие процесори исто така е еден од главните адути, па ADM ќе ги вградува Radeon 890M и Radeon 880M графичките процесори.

Што се однесува до компјутерите кои може да се очекуваат со овие процесори од AMD, листата е нешто помала, па од компанијата најавија соработка со Acer, Asus, HP, Lenovo и MSI.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2AMD
Претходна статијаВработени од „Макпетрол“ волонтираа на настанот „Повторно заедно“ за кревање свест за аутизмот
Следна статија“СКОПСКО ја продолжува мисијата ‘Наша гордост. Наша одговорност.’: Волонтери, инфлуенсери и нуркачи го чистеа Охридското езеро и крајбрежјето
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.