Amazon се решава да ги следи во чекор некои од најголемите компании во светот и да се префрли на соларна енергија. Од оваа компанија планираат инсталирање на соларни панели на крововите на објекти. Оваа година треба да бидат опфатени 15 објекти во САД и да се произведува 40 мегавати електрична енергија. Во наредните 3 години планирано е да се опфатат 50 објекти на Amazon низ целиот свет. Покрај соларната енергија, Amazon веќе се снабдува со обновлива енергија преку нивните фарми со турбини на ветер во Тексас, Индијана, Вирџинија, Охајо и Северна Каролина.

Како што споменавме претходно, Amazon се обидува да одржи чекор со најголемите светски компании кога станува збор за снабдувањето со ообновлива енергија. Имено Google, Tesla и Apple веќе се снабдуваат со обновлива енергија или пак ги имаат изготвено плановите за снабдување со овој вид на енергија во иднина. Apple на пример веќе гради соларна фарма која ќе произведува 200 мегавати електрична енергија. Google пак објави дека оваа година ќе користи енергија која целосно ќе биде добиена од обновливи извори.

Од Amazon велат дека постојано ги прошируваат своите капацитети, а инсталирањето на соларни панели планираат да го прават на новите, но и на постоечките капацитети насекаде во светот. Користењето на обновлива енергија е добро за околината и одличен пример за корисниците. Од друга страна се намалуваат трошоците на компанијата, а со тоа може да се постигне ефект на намалување на услугите за корисниците во иднина. Како и да е, има повеќе придобивки од користењето на обновлива енергија.

Извор: Mashable, Entrepreneur

Претходна статијаTesla започнува „Project Loveday“ натпревар
Следна статијаНов робот на MIT може да ги „чита мислите“ на луѓето