Amazon оваа недела го претстави својот најнов производ, Amazon One. Ова е нов систем кој ја користи дланката на корисниците за нивна идентификација, по што тие можат да платат, да искористат поени од картичка, да влезат во одреден објект и слично.

За почеток Amazon One ќе им биде достапен на корисниците на Amazon Go продавниците од компанијата во Сиетл, каде што ќе можат да влегуваат со идентификување преку дланката.

Amazon Go се продавници кои немаат вработени, а купувањето се прави на многу интересен и брз начин. Корисниците се што треба е да го покажат QR кодот од нивната Amazon Go апликација на скенерот на влезот од продавницата, по што ставаат се што им треба во нивниот ранец, ќеса или било што, а големиот број на камери и сензори во продавницата точно знаат што е тоа што е земено. Потоа, корисниците само излегуваат од продавницата и купеното им се наплатува автоматски преку апликацијата, преку внесената картичка, се разбира.

Amazon One во основа ќе ја земени апликацијата и идентификацијата, односно поврзувањето на корисникот ќе се прави преку препознавање на неговата дланка. Корисниците не мора ни да креираат и да имаат Amazon сметка, па регистрацијата на уредот кој ја чита дланката се прави со внесување на картичка, телефонски број и скенирање на дланката.

Од Amazon истакнуваат дека покрај тоа што оваа технологија ќе ја користат во нивните продавници, а ќе ја овозможат и во останатите Amazon Go во САД, тие планираат да ја понудат и на други компании. Замислата е дека Amazon One може да се користи како за плаќање, така и за искористување на „лојалти“ картичките, за искористување на купени билети, како на пример на стадиони, а исто така може да се користи и за пријавување при влез во зграда, односно на работното место.

Amazon има и причина зошто се имаат одлучено за користење на дланката, наместо лицето на пример. Дланката се смета за начин кој нуди поголема приватност поради тоа што идентитетот на корисникот не може да биде откриен ако некој ја види сликата од дланката, за разлика од лицето. Исто така, кога се прави идентификација со дланката, корисникот самиот одлучува да ја прикаже истата, за разлика од камерите кои го скенираат лицето кои може да снимаат и кога корисникот не знае.

Со други зборови, Amazon One е бесконтактно плаќање кое ја користи дланката и поврзаната со таа дланка платежна картичка, наместо бесконтактна картичка или мобилна апликација. Многу интересно и корисно.

ИЗВОРAmazon
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаКина најави дека планира да има неутрален јаглероден отпечеток до 2060
Следна статијаBorat 2 е веќе снимен и ќе се прикажува на Amazon Prime Video на крајот од октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.