nexusae0_wm_V-Overall_thumb

Иако повеќето информации говорат дека Google ја прекинува Nexus програмата на сметка на поновата Android Silver, сепак не се исклучува можноста до нејзиниот почеток да биде претставен уште некој уред со Nexus брендот. Android Silver се очекува да наместо еден производител развива уред со брендот на Google, тоа во иднина го прават повеќе производители, што ќе придонесе за зголемување на понудата на уреди. Google би овозможувал поддршка за развојот на уредите, а би учествувале и во трошоците за маркетинг.

Најновите информации доаѓаат од порталот Android Police, од каде што се прилично сигурни дека оваа година ќе биде претставен уште еден уред од Nexus програмата и овој пат производителот ќе биде HTC. Уредот моментално е нарекуван Nexus 9, како и HTC Volantis и треба да вклучува 8,9 инчен екран, подобри карактеристики, а со тоа и повисока цена. Овој уред би бил помеѓу моментално достапните Nexus 7 и 10, па не се очекува оваа година повторно да има два уреди. Од карактеристиките до кои што имаат дојдено од Android Police може да се види дека Nexus 9 би доаѓал со:

  • 8,9 инчен екран со резолуција од 2048 x 1440 пиксели и нивна густина од 281ppi
  • NVIDIA Tegra K1 64 битен процесор
  • 2GB RAM
  • 16/32GB внатрешна меморија за складирање
  • 8MP главна задна камера и 3MP предна камера
  • Алуминиумско тело
  • Два предни стерео звучници
  • Димензии 22,63 x 15,19 x 0.79 cm
  • 418g тежина

nexusae0_wm_Volantis_thumb

Овој нов Nexus од HTC се очекува да биде претставен до крајот на оваа година и ќе работи на наредната поголема верзија од Android, односно 5-та верзија која што ќе носи име кое почнува на L. Треба да се продава по цена од 399 долари за моделот со 16GB меморија и 499 долари за моделот со 32GB.

Веќе можевме да прочитаме, исто така неофицијални информации, дека HTC ќе го направи наредниот Nexus таблет, меѓутоа според нив тој требаше да има 8 инчен екран. Моментално достапните Nexus модели се направени од Asus и Samsung.

Извор и слики: Android Police

Претходна статијаКонкуренција на Chromecast во развој, ќе работи на Firefox OS
Следна статијаGoogle лансира независен “fork” на OpenSSL именуван како BoringSSL
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.