Во морето на бескрајни можности и понуди, неретко се наоѓаме тотално конфузни кој телефон е вистинскиот избор за нас. Различни перформанси, дизајн, функции. Сепак, секогаш нешто недостасува. Создаден да ги задоволи потребите и на најпребирливите, најсјајната ѕвезда на Samsung галаксијата, несомнено се издвојува.

Samsung Galaxy S23 Ultra е вистински генијален уред, кој откако ќе го пробате, нема да сакате да го замените за друг. Но, што е она што го прави толку неодолив?

 Неверојатни перформанси на камерата

Galaxy S23 Ultra ќе ви овозможи да снимате феноменални видео содржини со најнапредниот систем на камера за Samsung Galaxy, прилагоден речиси на сите услови на осветлување и дизајниран да доловува неверојатни детали. Подобрените можности за ноќна слика го трансформираат начинот на кој серијата Galaxy S ги оптимизира фото и видео снимките во широк опсег на условите во опкружувањето. Од снимање на вашата омилена песна на концерт, до фотографирање селфи или групна фотографија со пријателите на вечера – корисниците можат да добијат поостри фотографии и видеа.  Визуелниот шум што обично ги намалува фотографиите со слаба осветленост се коригира со нов алгоритам за процесирање сигнал (ISP) базиран на AI кој ги подобрува деталите на сликата и тонот на бојата.

Како прв меѓу телефоните на Samsung Galaxy, Galaxy S23 Ultra може да се пофали со нов 200MP адаптивен сензор за пиксели кој снима важни моменти со неверојатна прецизност. Користи поврзување со пиксели за да поддржува повеќе нивоа на обработка со висока резолуција истовремено. Со оглед на тоа дека  селфи камерите се поважни од кога било за начинот на кој комуницираме денес, серијата Galaxy S23 воведува брз автоматски фокус и нашата прва Super HDR селфи камера со скок од 30 до 60 фрејмови во секунда за забележително подобри сликање и снимање на лицето од напред.

Рај за гејмерите и за креативците

Желбата да се поместат границите и постојано да се откриваат нови можности кој ги налага технологијата што ги надминува очекувањата, е вистински предизвик како за креативците така и за гејмерите. Токму затоа Samsung и Qualcomm заедно го оптимизираа искуството на Samsung Galaxy со најновата мобилна платформа за Galaxy уредите „Snapdragon 8 Gen 2 “, најмоќната и ефикасна платформа досега кај паметните телефони Samsung Galaxy со најбрзите карактеристики до сега.

Гледајќи напред кон иднината на врвниот дигитален реализам, Galaxy S23 Ultra е подготвен да поддржува следење зраци во реално време кога станува збор за мејнстрим мобилни игри. Така ќе можете да гледате значително пореални сцени, благодарение на технологијата која го симулира и следи секој зрак светлина. Исто така, комората за пареа за ладење на Samsung Galaxy сега е поголема, и на секој модел од серијата Galaxy S23, гарантира дека гејмерскиот маратон е непрекинат. Заедно со целата оваа моќ доаѓа и широк екран од 6,8 инчи со заоблени рабови на Galaxy S23 Ultra со намалена кривина за поголема и порамна површина за најдобро визуелно искуство на паметен телефон Samsung Galaxy.

Со Samsung Galaxy S23 Ultra се грижите за животната средина

Со серијата Galaxy S23, Samsung го минимизира негативното влијание врз животната средина и придонесува за поздрава планета, без компромиси за квалитетот и естетиката на паметниот телефон. Серијата Galaxy S23 има UL ECOLOGO® сертификат, што значи дека производот е сертифициран за намалено влијание врз животната средина. Уште од претходната серија, Samsung Galaxy ја зголеми употребата на рециклирани материјали од шест внатрешни компоненти на 12 внатрешни и надворешни компоненти во Galaxy S23 Ultra. Серијата Galaxy S23, исто така, содржи повеќе рециклирани материјали од кој било друг паметен телефон Galaxy, вклучувајќи рециклиран алуминиум, стакло и рециклирана пластика добиени од фрлени рибарски мрежи, ПЕТ шишиња и водени балони.

Безбедноста и приватноста – загарантирани!

Искуството за безбедноста и приватноста се основата на серијата Galaxy S23. Секој паметен телефон доаѓа со целосна заштита на Samsung Knox, која има добиено повеќе државни и индустриски сертификати од кој било друг мобилен уред, платформа или решение на пазарот. Контролната табла за безбедност и приватност на уредите Samsung Galaxy ви овозможува целосна видливост за тоа кој има пристап до вашите податоци и како тие се користат. Брзо и лесно проверете дали личните податоци се загрозени со пристап до едноставни совети за промена на поставките за побезбедно искуство. Дополнително, можете и да се одлучите точно кои апликации и програми имаат пристап до вашите податоци и како може да се користат.

Нарачај пред сите

Почнувајќи од 17 февруари 2023 година, Galaxy S23 Ultra, Galaxy S23+ и Galaxy S23 ќе бидат достапни од операторите и трговците на мало, како и на Samsung.com. Серијата Galaxy S23 доаѓа во четири нијанси инспирирани од природата: фантомско црна, крем, зелена и лаванда. Galaxy S23 Ultra ќе се продава во Северна Македонија по препорачана малопродажна цена од 83.999 ден, Galaxy S23 + по препорачана малопродажна цена од 71.999 ден  и Galaxy S23 по 56.999 ден.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23-ultra/

Претходна статијаSkyShowtime го прославува активирањето во Македонија со понуда за половина цена засекогаш
Следна статијаОбјавенa жири комисијата за Ecommerce Awards, преостанува уште 1 ден за гласање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.