Android_robot

Најверојатно голем дел од повеќе од милијарда корисници на некои од паметните телефони кои што работат на Android, не знаат дека овој оперативен систем не е оригинално развиен во Google.

Компанијата која што го има развиено оперативниот систем е купена од Google пред 10 години, односно во 2005 година, по што програмерите преминуваат во компанијата да работат на развојот.

На Android му требаа повеќе години да успее да се пробие кај корисниците, а посебно по излегувањето на тогаш револуционерниот iOS од Apple. Денес оперативниот систем, преку големиот број на уреди достапни од разни производители, го има првото место на светскиот пазар со повеќе од 80% од корисниците.

Отвореноста на оперативниот систем игра голема улога во распространетоста, нешто што до одреден степен создава и проблеми во унифицирањето на корисничкото искуство.

Потсетувањето дека оваа година имаат поминато 10 години од приклучувањето на Android во Google го даде Ficus Kirkpatrick преку неговиот Twitter профил. Kirkpatrick е еден од првите програмери кои што се приклучија на тимот на Android по купувањето од страна на Google и се’ уште работи на неговиот развој денес.

Претходна статијаПронајдени два дополнителни безбедносни пропусти во Flash
Следна статијаСоздаденa тенка маска за „невидливост“ која нема губиток на светлосниот квалитет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.