Иако повеќе шпекулации ја најавуваат апликацијата TomTom како таа која ќе ги замени Google Maps на Huawei смартфоните, сепак на крајот испадна уште подобро. Корисниците на Huawei телефоните кои ја немаат Play Store продавницата, сега имаат одлична замена за Google Maps, а тоа е можеби и повеќе популарната HERE WeGo апликација.

Оваа апликација е официјално достапна преку AppGallery, па корисниците можат веднаш да ја симнат и да почнат да ја користат.

HERE WeGo апликацијата беше во сопственост на Nokia, делот што не беше продаден на Microsoft, а истата беше една од најмногу популарните алтернативи на Google Maps, за многу и подобра. Оваа апликација доби голем дел од популарноста поради својата можност да се преземат мапите според земја и истите да се користат без интернет конекција, што е одлична можност кога корисникот е во странство. Оваа „офлајн“ функција и денеска функционира подобро од таа на Google Maps за одредени работи.

HERE WeGo сега е во сопственост на конзорциум од германски производители на автомобили, составен од BMW, Mercedes-Benz и Volkswagen.

Доколку сте корисник на Huawei телефон со AppGallery, побарајте ја HERE WeGo во продавницата и вашата грижа за потребите за навигација, веќе нема да постојат.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаПрепорака за „мора да се гледа“ филм – The Gentlemen (2019)
Следна статијаРецензија Huawei P40 Pro: Ова е одличен телефон, а недостатокот на Play Store не го менува тој факт ни малку
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.