Двајца професори од Универзитетот на Вашингтон, Џевин Вест и Карл Бергстром, ја креираа веб страната whisfaceisreal.com, а истата ќе ви прикаже две лица, едното вистинско, а другото направено од вештачка интелигенција.

Страната е направена како игра, односно притискате на лицето кое мислите дека е вистинско, по што го добивате одговорот, дали вашиот избор е точен или не.

Целта на оваа страна сепак не е да биде само една игра преку која луѓето ќе ја проверат својата способност за препознавање. Главната цел е да ги научи луѓето да подобро ги препознаваат вистинските од лицата направени од вештачка интелигенција.

Причината за ова е да се намалат можностите за злоупотреба на оваа нова технологија во иднина, а со тоа и довербата на луѓето во вестите, доказите на суд и слично.

„Кога нова технологија како оваа ќе се појави, најмногу опасниот период е кога технологијата е достапна, но јавноста не е свесна за тоа. Тогаш може да се користи најефикасно.“ – истакнува Бергстром за The Verge.

„Затоа, она што ние се обидуваме да го направиме е да ја едуцираме јавноста, да направиме луѓето да се свесни дека оваа технологија е достапна. Исто како што со тек на време повеќето луѓе станаа свесни дека може да се Photoshop-ира фотографија.“ – истакна Вест за The Verge.

Факт е дека вештачката интелигенција е навистина потенцијално моќна алатка за злоупотреба, како што може да се каже и за секоја нова технологија.

Отворете ја whichfaceisreal.com и преверете ја вашата способност за препознавање, па ако не е добра, можеби со тек на време ќе стане, а ќе видите од сликите, разликата е скоро незабележлива, барем на почетокот.


ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung QLED телевизорите и нивниот нов “Амбиентален Режим“ го трансформираат домот во галерија
Следна статијаIntel прикажа слики од својата прва графичка картичка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.