Емоциите се составен дел од нашиот живот: како работиме, учиме, играме, се дружиме и слично. Тие ни помагаат (или одмагаат, зависно како гледате) при носењето на одлуки, големи или мали. Тие не водат при комуникацијата и поврзувањето со другите луѓе и имаат големо влијание на нас и нашето добро. Да би било безначајно, не би постоело нешто што се вика емоционална интелигенција (EQ).

За потсетување, EQ е способност добро да ги разбираме нашите емоции, но и оние на другите луѓе, како и да ги користиме за да го водиме нашето однесување, да се прилагодиме кон средината и конечно, да има некакви резултати од тоа. Се смета дека луѓето со висок EQ  водат поуспешен професионален и приватен живот – тие се попривлечни и поубедливи, имаат тенденција да бидат поефикасни лидери и генерално да водат поздрав, посреќен, па дури и подолг живот.

Оттука прашањето: како да се постигне вакво нешто? Да речеме дека природно немате развиено таква способност да проценување. Дали тоа значи дека треба да бидете несреќни? Секако дека не. Во ера на ИТ имате можност да купите софтвер кој ќе ви помогне во препознавањето на емоциите кај другите луѓе. Да, такво нешто постои и не е измислување на топла вода – алгоритмите на сите социјални мрежи функционираат на овој начин со години наназад и по се’ изгледа дека луѓето сфатија дека се исплати такво нешто да им продаваш и на обични луѓе. Вакво нешто практикува компанијата Emotion Lab.

Гледано футуристички, замислете дека може да си ставите имплант на очите или да носите таквиочила кои ќе работат врз база на вештачка интелигенција. Замислете да бидете во можност да знаете каква е нечија вистинска емоција за време на љубовен состанок, купување на скапи работи или при водење на бизнис, психолошко советување, играње покер, проценување на политичари….опциите се бескрајни. Замислете само каква е таа моќ што би ја имале ние ко индивидуи и ко граѓани.

Скоро налетав на вакви статии и ме оставија без текст.

Што мислите вие?

Претходна статијаДруштвените мрежи и гејминг компаниите да ги штитат децата од зависност
Следна статијаTesla автомобилите ќе добијат „целосни само-управувачки функции“ со надградбата на софтверот овој август