технологија, мртви, врати назад, комуникација

Се будите. Станувате и се подготвувате за работа. Имате доручек со сопругата, па после тоа го напуштате домот. Типичен работен ден. За неколку саати ве бараат од дома. Не ни претпоставувате дека нешто би можело да тргне наопаку. Ви соопштуваат тажна вест – жена ви починала. Викате и плачете.

Следниот ден одите на погреб. Потоа одлучувате да го подигнете телефонот и да и’ испратите порака. Исто како во старите времиња. И’ пишувате – “Ми недостигаш”. “И ти ми недостигаш” – доаѓа одговор. Си праќате текстуални пораки постојано. Скоро како воопшто да не заминала. Се’ дури не се вратите во реалноста. А реалноста е дека не пишувате со вистински со жена ви. Таа е мртва. Вие пишувате со софтвер кој само го симулира нејзиното постоење.

Можноста делумно да комуницирате со некој што умрел преку употреба на технологија повеќе не е научна фантастика. Технологијата за создавање на дигитални клонови на мртвите е тука. таа се развива со огромна брзина.

технологија, мртви, врати назад, комуникација

И не, ова не е само обично теоретизирање или епизода од Black Mirrror. Истражувачите предвидуваат дека ваквиот начин за поднесување на загубите ќе биде вообичаен за десеттина години.

Во изминатата година, невролозите и филозофите шпекулираа за потенцијалот на градење на дигитален дупликат на мртви луѓе. Зошто тоа не би била, да речеме, вашата баба? Оваа копија би можела да постои виртуелно и четувањето би можело да се реализира како надградба на Skype, долго време по нејзината смрт. Хосеин Ранахма од Универзитетот Риерсон и МИТ Медиа Лаб работaт со полна пареа на оваа тема, поточно на програмирање на четботови создадени според прикачение лични податоци за мртвиот.

Како и да е, оваа насока на развој на технологијата отвора многу прашања.Не може, а да не се запрашаме – што е со етиката на жалост? Што е приватноста на починатиот? Дали ова е добар начин за справување со загубата? Како може да се злоупотребат податоците за мртвите за профит на компаниите?

Оставаме на вас да заклучите.

Што мислите вие?

Пишете ни во коментар.

Претходна статијаNuance: Swype заминува во историја
Следна статијаПроектот Hyperloop доби дозвола за реализација