Бизнис корисниците на OneDrive до крајот на годината ќе можат да почнат да ги користат придобивките од поголемиот развој на вештачката интелигенција. Покрај тоа што оваа технологија се користи во позадина, па често и не сме ни свесни, доста од производите и сервисите почнуваат да ги нудат придобивките директно на корисниците.

Во овој конкретен случај се работи за транскрипција, односно правење на препис од видео и аудио датотеките кои корисниците ги чуваат во OneDrive. Со други зборови, OneDrive, односно вештачката интелигенција зад сервисот, ќе може да направи текстуален документ со сите работи кажани во видеото или аудио датотеката, се разбира означен со време.

Оваа можност може многу лесно да се замисли како би им се нашла на бизнис корисниците. Тие можат многу лесно да спремат препис од состаноците кои ги снимаат или презентациите кои ги снимаат.

Покрај оваа нова можност, бизнис корисниците на OneDrive ќе можат да го пребаруваат својот онлајн простор на сервисот за слики, видеа и аудио датотеки. Пребарувањето повторно ќе биде со помош на вештачката интелигенција, а истото ќе може да се прави според содржината во датотеките, локацијата каде се сликани сликите и слично.

Пребарувањето ќе може да се прави многу подетално благодарение на првата нова можност, односно поради постоењето на текст од видео и аудио датотеките, корисниците ќе можат да ги пребаруваат според нивната содржина.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMotorola го претстави својот нов Android One смартфон, Motorola One
Следна статијаKaspersky Lab го зајакнува присуството во Југоисточна Европа: Ingram Mikro станува дистрибутер на Kaspersky Lab
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.