Учењето на машините е создавање на систем кој се учи сам себе врз база на многу податоци, а не на претходно поставени правила. Замислете како вие се натпреварувате против бот или слично на вашиот мобилен телефон на која било видео игра, можеби „Мајнкрафт“. Во нив има стотици, а можеби понекогаш и илјадници програмирани правила. Кога се движите низ играта, противниците тргнуваат кон вас со цел да ве нападнат. Ако ја играте истата игра против истите противници со години, ќе ги научите нивните движења и ќе предвидите како најлесно да ги поразите. Сепак, дали би можеле да замислете како противникот ги предвидува вашите движења?

Тоа е суштината на учењето на машините, каде тие ги паметат акциите на останатите. Како што полека се развива, така оваа алатка станува сѐ повеќе достапна за повеќе корисници. Компании како Мајркософт дозволија пристап до неа со Azure. Со тоа тие ја овозможија и оживеаја вештачката интелигенција.

Од добро познатата Кортана (Cortana) до Скајп преведувачот вие може да го забележите ваквиот начин на функционирање на новите машини. Ова е наменето сѐ со цел да им овозможи олеснителни околности на луѓето во секојдневните обврски. Може да се констатира дека ова е своевиден пресврт на човековата еволуција. Создавање алатки кои би помогнале да се олеснат и решат проблемите со кои што се соочуваме секојдневно. Ќе ве запрашаме повторно: „Замислете како би опстојувале без оган, без покрив над главата, без превозни средства, а денес и без компјутерите?“

Мајкрсофт е компанија која им овозможува сите да користат компјутери како би им се олеснил начинот на живеење. Денеска, со користењето на „Азур – учење на машини“ програмери од цел свет работат на Вештачка интелигенција која има за цел да ја промени денешницата.

Постои една приказна, преку која најдобро би можеле да ви го опишеме машинското учење. Приказната е објавена од Двејн Монро на осми јануари 2019-та година на интернет страницата на cloudacademy.com. Тој вели, „Оброкот беше фантастичен, услугата беше гостопримлива и професионална, амбиентот беше пријатен и компанијата добро си ја извршуваше работата. Но, како што завршуваше вечерата, така и настана нов неочекуван проблем. Проблемот беше со мојата кредитна картичка. Апаратот ми ја одбиваше. Знаев дека имаше повеќе од доволно пари за да ја покријам вечерата, а не ми беше јасно што се случуваше? Проблемот беше решен со само еден телефонски повик до мојата матична банка, од каде што констатираа дека трансакцијата што требаше да ја направам не беше со соодветна локација во земјата во која што живеам, па утврдиле дека ВИ (Вештачка интелигенција) системот ја блокирал трансакцијата по своја претпоставка дека може да е сајбер кражба затоа што е надвор од мрежата на места каде што почесто ја користам картичката.

За повеќето, ваквиот начин на програмираност и ефикасност на новите машини е непријатен, меѓутоа Двејн набрзо сфаќа дека се работи за систем кој го штити од дигитални напади. Како што се развива ВИ (Вештачка интелигенција), сѐ повеќе луѓе ќе бидат големи скептици околу развојот на машинското учење. Но, кога ваквите алатки ќе допрат до секој еден што има потреба од нивно користење, нивната ефикасност ќе биде повеќе од јасна, а застарените програми ќе заминат во историјата како непотребни во секојдневието. Од преводи на странски јазици до заштита на лични податоци и електронски напади па се до нови откритија, машинското учење во ВИ (Вештачка интелигенција) е добро за напредокот на денешницата.

Претходна статијаСамсунг најавува нови “Q“ серија „саундбари“ оптимизирани за QLED телевизори
Следна статијаИнтернетот штотуку стана помалку слободен