Shutterstock.com

Deepfakes кратко кажано се видеа кои се изменети со помош на вештачката интелигенција да изгледаат како да се вистински. Промената на видеата може да додаде нечиј лик, а личноста никогаш да не ни била на оригиналното видео. Тоа во комбинација со аудио манипулација, може да се замисли каков потенцијал за измами има, а посебно за важни работи како избори, напад на познати и влијателни личности од големи компании и слично.

Со оглед на тоа дека е јасно дека шансите да се спречи креирањето на deepfake видеа нема да биде можно, логично е дека напорите треба да бидат насочени кон систем кој ќе може да ги открива овие видеа со голема точност.

Deepfake Detection Challenge е еден таков обид од страна на големите ИТ компании. Предизвикот беше најавен уште во септември, а сега почнува и практично да се реализира.

Компании како Microsoft, Facebook, Amazon, како и повеќе универзитети меѓу кои и MIT, University of Oxford и други се дел од овој предизвик, па може да се каже дека очекувањата се големи.

Целта на предизвикот е да се креира систем кој ќе може со голема точност да ги препознава лажните од вистинските видеа. За таа цел од предизвикот се снимени повеќе видеа со помош на актери, видеа кои потоа се изменети. Овие видеа ќе им бидат достапни на сите заинтересирани тимови кои развиваат систем за откривање на лажните видеа.

Иако веќе доволни развиени, се очекува дека дури сега почнува времето кога ќе може да се видат штетите од deepfake видеата. Дали истите ќе успеат да направат одреден мал хаос во светот или сепак на време ќе бидат откривани, е нешто кое ќе биде интересно да се види.

ИЗВОРVB
Претходна статијаПоследна колумна за OneCoin, Понзи измамата за која сите знаевме
Следна статијаКако работи Фондот за иновации и технолошки развој?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.