Во последно време сме преплавени со апокалиптични предвидувања за тоа како вештачката интелигенција ќе не пороби ако не го зауздаме нејзиниот развој. Ваквите предвидувања не се изустени од незнајковци или од лица кои слепо веруваат во теории за заговор. Тие доаѓаат од некои од најголемите умови на денешницата, како Елон Маск и Стивен Хокинг.

Сржта на нивниот аргумент е дека иако засега вештачката интелигенција е на рудиментарно ниво, наскоро ќе дојде моментот кога таа ќе развие свест. Таа свест ќе и дозволи да ги оптмизира своите цели и да стори се за да ги оствари. Односно, ако одредена вештачка интелигенција реши дека човештвото и попречува во реализирањето на своите цели (поставени токму од луѓето) тогаш може да одлучи дека луѓето се непотребни и да ги елиминира.

Одеднаш, автономните возила не изгледаат толку безопасно. Покрај овие стравувања, постои и стравот дека вештачката интелигенција ќе ги окупира сите професии кои (засега) бараат човечки инпут.

Ако ги слушаме сиве овие предупредувања, тогаш треба да сме скептични кон иднината во која коегизстираме со интелигентна и свесна вештачка интелигенција.

Дали стравовите се оправдани?

Не може да се знае со сигурност. Односно, не може да предвидиме како ќе се однесува свесна вештачка ингелигенција од причина што тој настан е од толку монументално значење што не е возможно да се предвиди неговата разврска. Колку што е возможно ВИ да стане „злобна“, толку е и возможно да биде нашиот најдобар сојузник.

Што се однесува до загубата на работни места, треба да се напомене дека ВИ не е многу способна во работи кои што бараат креативност, емпатија, критичко размислување, уметничко изразување и низа други особини кои вообичаено ги сметаме за „човечки”.

Се смета дека автоматизацијата ќе доведе до масовни загуби на работни места – а дека особено ќе ги погоди камионџиите, таксистите, малопродажните работници, а потоа и вработените во осигурителни компании и адвокатски канцеларии (барем оние на најниските позиции).

Сепак, паралелно со овој процес ќе се изродат и нови работни позиции кои ќе бараат човечки инпут. Едно истражување објавено во MIT Sloan Management Review се осврна кон резултатите од глобалната студија на повеќе од 1.000 големи компании кои користат или тестираат ВИ и машинско учење.

Според истражувањето, неминовна е појавата на нови улоги и категории на работни места кои се уникатно човечки. Тоа сугерира дека когнитивната технологија ќе бара вештини што машините најверојатно нема да ги поседуваат во блиска иднина.

Претходна статијаGoogle го развива Yeti, нова играчка конзола која ќе се појави во 2018?
Следна статијаВакцината која „уништува тумори“ конечно може да се испитува на луѓе