Од зголемувањето на популарноста на паметните телефони, односно нивната масовност и сеопфатност на пазарот, Microsoft се чини дека никако да успее да го фати „ритамот“ како што треба, барем во одредени области.

Она што е најинтересно е што во голем дел одговорноста за ова лежи токму во компанијата. Да го земеме Windows Mobile како пример. Microsoft никогаш не посвети доволно внимание на оваа платформа, па дури и своите апликации не ги развиваше доволно како што тоа го правеше за iOS и Android, па после се „чудевме“ што и останатите програмери не ја сфатија оваа платформа сериозно.

Според изјавите на Сатја Надела, изгледа и Cortana до некаде ќе влезе во слична, иако не иста категорија. Дигиталниот асистент од Microsoft веќе не се гледа како конкурент на Alexa и Google Assistant, туку како апликација која треба да работи на овие две платформи, исто како што тоа е случајот со Android и iOS.

Причината за ова може во главно да се бара во тоа што Cortana никогаш не почна да биде ставана во производи како паметни звучници и слично, нешто што многу сериозно го сфатија конкурентите.

Функционирајќи во главно само на Windows 10, Cortana не може да се каже дека има голем удел на пазарот на паметни асистенти, а посебно кога ќе се земе во предвид Google Assistant на Android.

Минатата недела можевме да прочитаме дека од наредната поголема надградба на Windows 10, Cortana ќе биде издвоена од Windows Search, што остава простор да корисниците воопшто немаат интеракција со дигиталниот асистент, нешто за кое досега мораа да го имаат кога сакаат да најдат нешто на компјутерот.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаAnnihilation е филмско ремек дело што мора да го гледате
Следна статијаWindows 7 има уште една година до целосното прекинување на поддршката
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.