ARM
Media: RoboHub

Компанијата ARM го претстави проектот Project Trillium. Негова основна намена е забрзување на процесите на автономно учење, неврални мрежи и други процеси поврзани со вештачката интелигенција.

Новата технологија ветува масовно подобрување и унапредување на целокупниот AI, за разлика од она што може да го понудат актуелните CPU процесори. Проектот е составен од два главни хардверски елементи именувани ARM OD и ARM ML и софтверската компонента NN.

ARM ML е посветен на подобрување на процесот на автономно учење. Од друга страна OD ќе умее да препознава објекти, особено луѓе со резолуција од 1080 при 60fps. Софтверскиот дел ќе служи за прилагодување на хардверот со она за што е практично наменет. Сето ова звучи доста апстрактно сега за сега. За повеќе информации ќе мора да почекаме до април, а од компанијата најавија дека продуктот ќе биде достапен кон средината на годинава.

Меѓутоа, главната цел е јасна. Создавање технологија која ќе понуди уреди способни да „размислуваат“ самостојно, без да зависат од база на податоци сместена во некој cloud. Таков е случајот со актуелните виртуелни асистенти за чие користење најчесто е нужен интернет.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2ARM
Претходна статијаHuawei е закана за безбедноста, сметаат разузнавачите од САД
Следна статијаChrome почнува да блокира неконвенционално презентирани реклами