Работата во градежништвото во денешно време останува една од работите со најголем ризик и опасност за повреда. Со оглед на тоа што се повеќе останатите работни места се во канцелариски услови, ова и не е толку чудно.

Тоа што е чудно е што развојот на општествата и технологијата не успева да го сведе ризикот на работните места кои подразбираат зголемено ниво на опасност, на минимум, иако во западните земји секако процентот на незгоди е помал.

Американската градежна компанија Suffolk во соработка со ИТ компанијата SmartVid работат на развој на алгоритам којшто ќе може да предвиди кога случување на незгода на работното место има големи шанси да се случи и со тоа да може да се спречи.

Овој систем се учи врз основа на голем број на информации кои се добиваат од слики и снимки од градежните места, како и со информации од незгоди кои се имаат случено. Со цел да може да се наполни системот со што повеќе податоци, Suffolk има успеано да договори соработка со повеќе градежни компании, односно нивни конкуренти, затоа што информациите од една компанија секако не се доволни за системот.

Системот би требало да забележува работи како работници кои не користат ракавици и друга заштитна опрема, работници кои се движат многу блиску до опасна машинерија, незаштитени делови и слично.

За да функционира овој систем секако потребно е константно набљудување на работните места, нешто што секако може да предизвика прашања за приватноста на луѓето. Сепак, ова се ситуации во кои има логика дискусијата за приватноста наспроти придобивките од делумното губење на истата.

ИЗВОРMIT Technology Review
Претходна статијаКонференција за развивачи на HUAWEI 2019: Мобилните услуги на HUAWEI имаат над 100 милиони активни потрошувачи надвор од Кина
Следна статијаЧлен на Управниот Одбор на најголемата медиумска куќа во балтичките земји доаѓа на Викенд Медиа Фестивал
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.