Слободно може да се каже дека војувањето не е воопшто тоа што било до пред само 30-50 години. Напредокот на технологијата кој се повеќе се зголемува, овозможува начини на војување кои порано не биле ни замисливи.

Сепак, не е само технологијата која се развива во воени цели која може да се користи за војување и да претставува закана за земјите. Технологијата која се развива за широка употреба, посебно кога ќе се земе во предвид нејзината достапност и масовност во денешно време, лесно може да биде искористена во воени цели.

Ова дефинитивно е случајот доколку ги прашате американските разузнувачки агенции. Тие во извештај којшто редовно го објавуваат, покрај стандардните оружја и закани, ги вклучуваат во поново време и вештачката интелигенција, како и квантните компјутери кои се во развој.

Тие во извештајот, покрај овие две технологии, ги истакнуваат и IoT уредите, автономните летала, биотехнологијата, како и заканите кои може да дојдат преку друштвените мрежи во форма на пропаганда и влијание.

Сето ова сигурно звучи логично и се разбира дека во светот ќе биде искористено покрај за добро,така и за војување. Сепак живееме, се’ уште живееме, во време кога војувањето за ресурси и влијание е далеку од надмината работа.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаНајмалиот Galaxy S10 ќе дојде и во жолта варијанта
Следна статијаНајлошите лозинки за 2018 остануваат истите како и секоја година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.