Google се пофали дека во текот на измината година успеал да отстрани дури 700.000 апликации кои не ги исполнувале стандардите од својот Play Store. Со помош на софтвер кој се темели на AI технологија, тие успеале да ги детектираат и отстранат овие штетни апликации пред да дојдат во посед на некој корисник.

Со помош на софтверот кој сам се унапредува, неутрализирани биле 99% од апликациите кои имале штетни намери. Бројката од 700.000 апликации претставува зголемување од 70% споредено со само една година претходно.

Заслугата за ваквиот напредок на полето на безбедноста од Google го препишуваат исклучиво на AI технологијата. Најголем дел од апликациите немаат директно штетна намена, туку се едноставно измама. Па така, дури 250.000 од отстранетите апликации се всушност реплики на успешни апликации кои се обидуваат да ги измамат корисниците и да им наплатат за преземање.

Софтверот и понатаму не е имун на измама, односно не нуди 100% заштита. Меѓутоа, мора да се признае дека ова е голем чекор во насока на поголема безбедност.

Проблемот со натрупувањето на неквалитетни содржини за преземање на најголемиот он-лајн пазар за апликации очигледно станува горлив проблем. Па, во Google се чувствуваат прозвани да реагираат. Тие како еден од најголемите понудувачи на софтвер се должни да влијаат на квалитетот на пазарот и понудата. Сепак, прашање на време е кога ќе се појави софтвер кој ќе успее да го „измами“.

ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаNintendo го носи Mario Kart во мобилна верзија
Следна статијаISOCELL двојниот софтвер на Самсунг овозможува карактеристиките на двојната камера да бидат достапни за поширок спектар на паметни телефони