Досега знаевме дека ВИ може да победи велемајстор во шах и дека може да трча и да се движи како човек, но и да пишува научна-фантастика. Оттаму, ова не е изненадувачка информација, туку е вест која знаевме дека ќе пристигне. Но не знаевме кога.

ВИ била многу подобра од адвокатите (професионалци со работно искуство во Голдман Сакс и Циско) во посочување на недостатоците во договорите. За споредба, на адвокатите им требале повеќе од 90 минути за да ги разгледаат сите пет договори. На ВИ (LawGeex AI) и требала околу 26 секунди(!). Во точноста на утврдените недостатоци немало некоја огромна разлика. Адвокатите имале 85% успешност, додека ВИ имала 94%. Најдолго време поминато во разгледување на еден договор од страна на адвокат изнесувало 156 минути. ВИ се задржала на еден тест најдолго 51 минута.

Ова кажува неколку важни работи. Прво, адвокатите не треба да се грижат за своите работи, туку да бидат радосни што ВИ е стигната на ниво на „напреден приправник“.

Замислете со колку илјадници страници на документи се соочуваат адвокатите секојдневно. Знаејќи дека тие можат да ја завршат таа досадна работа за светлосно брзо време мора да ги доведува во екстаза.

Другото нешто што го кажува оваа студија е тоа дека адвокатите се сепак незаменливи. Способноста за креативно резонирање и размислување е (засега) уникатно за човечкиот ум.

Но, иако адвокатите не треба да се пазат, прашање е што ќе стане со приправниците. Тие ги работат оние „најдосадните“ работи кои најлесно можат да бидат автоматизирани.