За нас

Facebook profile picture

Smartportal.mk е оформен од ентузијасти за технологија, кои својот интерес и познавање сакаат да го пренесат на читателите во Македонија. Ние ги следиме новостите во светот на технологијата и го надградуваме своето познавање веќе подолг период. Технологијата станува сé покористена во обичниот живот, па интересот за познавање на истата, а посебно новостите кои што станаа дел од секојдневниот живот, станува сé поголем. Веќе нема човек што не користи некој од огромниот број на достапни паметни телефони, таблет компјутери… Зошто и не би ги користеле ? Тие нудат можности и функции, што не биле ни замисливи до пред 20 години. Бројот на уреди е голем и станува сé поголем, на нив има огромен број на апликации, страните со корисни сервиси на интернет мрежата е огромен. Затоа нашата цел е да ги поедноставиме, организираме и направиме достапни преголемиот број на информации кои што растат со сé поголемиот број на уреди и сервиси достапни на пазарот.

На овој портал можете да прочитате сé што е поврзано со таканаречената “паметна“ технологија. Новости за мобилните телефони, таблети, десктоп и лаптоп компјутери, играчки конзоли, геџети, мислења и рецензии на истите, совети и трикови. Сервиси како социјалните мрежи, новостите поврзани со нив, совети, предлози и слично.

Нашата цел е да информацијата која во денешно време е сé побарана, меѓутоа достапна во голем број, ја направиме лесно достапна за вас, публиката во Македонија. Се разбира вашите предлози и критики се секогаш добредојдени, како би можеле овој портал да го направиме што покорисен  за вас, а името да биде навистина заслужено.

Тимот кој што е дел од Смартпортал можете да го видите на следната страна.

РЕДАКЦИЈА