STO_HELLADS_2-640x429

Ласерските оружја бавно, но сигурно доаѓаат. Иако немаат „филмски“ карактеристики кои сме навикнати да ги гледаме (како бавното патување низ просторот; ласерот патува со брзината на светлината, наголемата брзина според досегашно-познатата физика), тие ги имаат уништувачките карактеристики.

Имено, тие веќе се користат за насочено да уништуваат цели. Веќе беше демонстриран систем на морнарицата на САД и од Boeing кои ловат беспилотни летала и уништуваат други цели. Тоа го прават на начин што го насочуваат зракот кон една критична точка на целта и ја загреваат и пробиваат или запалуваат, така онеспособувајќи ја.

Сега истото сака да го постигне и военото воздухопловство во наредните 5 години. Засега имаат демонстрационен прототип кој ќе биде надграден на 150-киловатен изведен во соработка со DARPA и наречен HELLADS. Прототипот има димензии од 1,3 х 0,4 х 0,5 метра, што е веќе пригодно за сместување во летала како авионски ловци или бомбардери, а крајната 150-киловатна верзија треба да биде 10 пати помала.

laser_dogfighting

Со ваквото ласерско оружје тие ќе се борат против беспилотни летала, стандардни воени летала, непријателски единици на земјата и против практично секоја воена опрема. Според доктор Дејвид Шејвер од DARPA, „Целта на HELLADS системот е … да овозможи интеграција на тактичко летало за одбрана од, и победување на земјени закани“.

Засега оружјето треба да помине батерија на агресивни тестови против гранати, ракети, беспилотни летала, ракети земја-воздух и секакви возила во лет или на земја пред да биде вградена во леталата на воздухопловството на САД. Само се надеваме дека нема да присуствуваме на вистинска „војна на ѕвездите“, барем во блиска иднина.

Извор: Engadget, Ars Technica

Претходна статијаИзлезе Windows 10 Build 10547 за инсајдерите, еве што е ново
Следна статијаMarkO има потреба од iOS тестери